Портал:Германија/Избрана статија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Баухаус било училиште за архитектура и декоративна уметност, кое постоело од 1919 до 1933 година. Според видот и концепцијата, појавата на училииштето претставувало појава на нешто сосема ново, а денес важи за дом на авангардата на современоста во сите подрачја на слободната и применетата уметност и се смета за посебен архитектонски стил.

Баухаус било основано во Вајмар од страна на Валтер Гропиус, а причина за основање на училиштето била идејата за создавање здружение на занаетчии-уметници, кои ќе бидат подучувани од уметници, со цел да се дојде до заедничко истражување на професорите и студентите во примената на новите техники, материјали и облици во архитектурата, производството на мебел и обликувањето на употребните предмети. Основачите имале за цел да ги задоволат масовните потреби на населението и се стремеле да создадат допадливи предмети со поволна цена и максимална удобност. Прочитајте повеќе