Портал:Биографија/Одбрана статија/2007/октомври

Од Википедија — слободната енциклопедија

Никола Коперник (19 февруари, 147324 мај 1543) е астроном кој прв ја изнесе модерната варијанта на теоријата за хелиоцентричниот (со сонцето како негов центар) сончев Систем, во неговата епохална книга „De revolutionibus orbium coelestium" („За движењето на небесните топки“). Коперник е роден во градот Торуњ, Царска Прусија, автономна провинција на Кралството Полска. Се школувал во Полска и Италија, животот претежно го поминал работејќи во Фромборк, Царска Прусија, каде што и починал.

Коперник бил еден од најголемите полимати на своето време. Бил математичар, астроном, правник, физичар, учител, гувернер, администратор, дипломат, економист и војник.

Покрај својата ангажираност и различни интереси, тој ја сметал астрономијата за негова вокација. Неговата теорија дека Сонцето, а не Земјата, е центар на Универзумот, се смета за една од најважните и решавачките за понатамошниот развој на астрономијата, вклучително се смета и за една од најважните теории за човештвото. Таа теорија, со своето доаѓање, ги поставува темелите на модерната астрономија и ги охрабрува младите научници, астрономи и учители да пристапат со поголема скепса кон дотогашната догма.

Прочитајте повеќе...