Портал:Биографија/Одбрана статија/2007

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова е Архивата на одбрани статии прикажани на Порталот посветен на Биографиите.

Денес е 24 април 2024.

Архива на статии[уреди извор]

2007


Мај

Ѓорѓи Сугарев (Георги Сугарев) е Македонски револуционер и Битолски окружен војвода на ВМОРО (Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација).

Ѓорѓи Сугарев е роден во град Битола во 1876 година во семејство од крајно сиромашни родители. Преживеаната мизерија во него раѓа омраза спрема несправедливоста и нееднаквоста. Уште во детските години тој ја почувствувал омразата и кон поробителот, а во младинските години таа добива сè поголем и поголем размер.

Не успевајќи да заврши IV. клас во Битолската гимназија, поради големите семејни оскудици, тој ја напушта гимназијата и ѝ се оддава на учителската кариера, преку којашто успева да го прави тоа што најмногу му лежи на срце: да го буди народот и да го учи, како да се бори и умира за својата слобода. Тој учителствува во градот Битола, Битолската и Кичевска околија.

Прочитајте повеќе...



Јуни

Бенџамин (Бен) Џонсон (англиски: Benjamin "Ben" Jonson) (~11 јуни, 15726 август, 1637) е англиски ренесансен драматург, поет и актер. Бил близок пријател со Вилијам Шекспир, а е најпознат по неговите драми Волпоне и Алхемичарот како и по неговите лирски песни. Џонсон бил неверојатно начитан човек со незаситлив апетит за контроверзии, и со тоа уживал ненадминат опсег на влијание врз Јакобинските и Каролинските драматурзи и поети.

Бен Џонсон е роден во Вестминстер, Лондон и велел дека неговото семејство е со потекло од шкотско Погранично потекло, а за ова сведочи неговиот земеен грб. Татко му починал пред тој да се роди, па мајка му се премажила по две години за главен ѕидар. Се школувал во Св. Мартиновиот Сокак, а подоцна бил пратен во Вестминстерската школа, каде еден од неговите наставници бил Вилијам Камден. Џонсон се спријателил со Камден, чии широки академски познавања вршеле влијание врз неговиот стил, сѐ до Камденовата смрт во 1623. По напуштање на гимназијата, се сметало дека Џонсон продолжил со школувањето во Кембриџскиот Универзитет; меѓутоа самиот Џонсон тврдел дека нема одено на Кембриџ, туку веднаш се фатил за занает: според една легенда запишана од Томас Фулер, Џонсон работен на градинарски ѕид во Ликолновиот Ин.

Прочитајте повеќе...



Јули

Сергеј Михајлович Прокудин-Горски (31 август, 1863, Муром27 септември, 1944, Париз) (руски: Сергей Михайлович Прокудин-Горский чујте) го посветил својот живот на унапредувањето на фотографијата како еден од првенците на фотографијата во боја. Роден е во Муром во Владимирската област, Русија, а по звање бил хемичар.[1] Учел кај славни научници во Санкт Петербург, Берлин и Париз, и развил првични техники за фотографија во боја.

Своите првобитни истражувања резултирале со патенти слајдови и филмови во боја. Околу 1905 Прокудин-Горски разработил план за употреба на ова ново техничко октритие за документирање на Руската Империја. Ова имало за цел да ги запознае учениците со огромната и разнолика историја, култура и модернизација на нивната татковина.

Процедурата се состоела од брзо правење на низа монохромни слики една по друга, секоја низ различно обоен филтер. Со проектирање на три монохромни слики во услови на светла со точна боја, можело да се реконстуира сликаната сцена во вистински бои. Помрднувањата на она што е сликано резултирало со заматени духолики слики, бидејќи сликите од црвена, зелена и сина боја се правеле со извесно временско растојание.

Прочитајте повеќе...



Август

Марија Јурјевна Шарапова (руски: Мария Юрьевна Шарапова) (родена на 19 април 1987) е руска професионална тенисерка. На крајот на 2006 година, таа беше најскапо платената спортистка во светот.

Шарапова има освоено два Гренд Слема. Таа е последниот освојувач на УС Опен, откако ја победи Жастин Анин во финалето од 2006 година. Во 2004 година, таа стана третата најмлада освојувачка на Вимблдон (зад Лоти Дод и Мартина Хингис) откако во финалето извојува победа над американката Серена Вилијамс.

Родителите на Шарапова се преселуваат од Хомјел, Белорусија во Сибир, Русија после јадрената несреќа во Чернобил. Марија се раѓа следната година во Њаган.

Нејзиниот талент е забележан од страна на Мартина Навратилова, а прв пат почнала да тренира тенис со рекетот подарен од таткото на Евгениј Кафелников. На седум години, Шарапова оди во САД заедно со нејзиниот татко - Јури - и станува дел од Тениската Академија Ник Болетиери во Бредентон, Флорида. Нејзината мајака, Јелена, која е оневозможена да дојде поради визниот режим, стигнува во САД неколку години подоцна. Оттогаш Шарапова живее во САД но сѐ уште има руско државјанство.

Во 2002 година, Шарапова купува куќа на плажата Менхетн, Калифорнија во предградие на Лос Анџелес, но најголем дел од годината го минува близу тренинг кампот во Бредентон.

Прочитајте повеќе...



Септември

Михаил Александрович Бакунин (руски - Михаил Александрович Бакунин, Michel Bakunin - на гробот во Берн) (18 мај 181419 јуни 1876) познат револуционер и еден од „татковците“ на модерниот анархизам.

Во пролетта 1814, Михаил Александрович Бакунин е роден во аристократско семејство во селото Прјамухино (Прямухино) помеѓу Торжок и Кувшиново, во Тверска губернија, северозападно од Москва. На возраст од 14 години тој оди во Петроград, каде што се здобива со воена обука при Универзитетот за Артилерија. Ги завршува студиите во 1832 година, а во 1834-та бил назначен за помлад офицер во Руската Империјална Гарда и бил испратен во Минск и Гардинас во Литванија (денес Белорусија). Тоа лето, Бакунин се најде во семејна расправија, каде што ја зазема страната на сестра си, која се бунтува поради несреќниот брак. И покрај желбите на татка си да продолжи во воената или цивилната служба, Бакунин оди во Москва со надеж дека ќе студира философија.

Во Москва, Бакунин брзо се стекнува со пријатели кои се поранешни универзитетски студенти, и се ангажира во систематска студија за идеалистичката философија, групирана околу поетот Николај Станкевич,„храбриот пионер кој го отвори широкиот и плоден континент на германската метафизика кон руската мисла“. Философијата на Имануел Кант од почетокот зазема централно место во нивните студии, потоа следел Шелинг, Фихте и Хегел. Во есента 1835, Бакунин започна со формирање на философски кружок во неговиот роден град Прјамухино. Во 1836, Бакунин се враќа во Москва, каде што објавува преводи од Фихте како Some Lectures Concerning the Scholar's Vocation и The Way to a Blessed Life, која патем стана негова омилена книга. Со Станкевич тој исто така го чита Гете, Шилер, Жан Пол и Хофман.

Прочитајте повеќе...



Октомври

Никола Коперник (19 февруари, 147324 мај 1543) е астроном кој прв ја изнесе модерната варијанта на теоријата за хелиоцентричниот (со сонцето како негов центар) сончев Систем, во неговата епохална книга „De revolutionibus orbium coelestium" („За движењето на небесните топки“). Коперник е роден во градот Торуњ, Царска Прусија, автономна провинција на Кралството Полска. Се школувал во Полска и Италија, животот претежно го поминал работејќи во Фромборк, Царска Прусија, каде што и починал.

Коперник бил еден од најголемите полимати на своето време. Бил математичар, астроном, правник, физичар, учител, гувернер, администратор, дипломат, економист и војник.

Покрај својата ангажираност и различни интереси, тој ја сметал астрономијата за негова вокација. Неговата теорија дека Сонцето, а не Земјата, е центар на Универзумот, се смета за една од најважните и решавачките за понатамошниот развој на астрономијата, вклучително се смета и за една од најважните теории за човештвото. Таа теорија, со своето доаѓање, ги поставува темелите на модерната астрономија и ги охрабрува младите научници, астрономи и учители да пристапат со поголема скепса кон дотогашната догма.

Прочитајте повеќе...



Ноември

Стив Пол Џобс (роден на 24 Февруари, 1955) е соосновач и директор на Епл. Помеѓу 1986 и 2006 година, Стив Џобс бил директор на студиото за анимирани филмови, Пиксар. Откако Дизни го купи Пиксар во 2006 година, Стив Џобс е сега најголемиот акционер и е еден од членовите на акционерскиот одбор на Дизни.

Ликот и однесувањето на Џобс има придонесено кон создавањето на митот на невообичаени ексцентрици и стопанственици од Силициумската Долина. Тој се залага за промовирање на значењето на дизајнот и естетиката кога станува збор за создавање на производи. Неговиот елан за развивање на производи кои се функционални, но, истворемено и елегантни има придонесено за создавањето на култни следбеници на Стив Џобс.

Стив Џобс и соосновачот на Епл, Стив Возњак помогнале да се популаризира личниот сметач во крајот на 1970–тите. Во раните 1980–ти, Џобс бил меѓу првите кои го сфатиле потенцијалот на графичките оперативни системи кои биле контролирани со помош на сметачко глувче. Откако Џобс бил протеран од акционерскиот одбор на Епл во 1985 година, тој го основал Некст, компанија која развивала сметачки системи намените за образовните и бизнис пазари. Во 1997 година, Епл го купил Некст и Стив Џобс повторно бил назначен за директор на Епл во која функција се наоѓа и ден–денес.

Прочитајте повеќе...



Декември

Станислав Лем (Лавов, 12 септември 1921Краков, 27 март 2006), полски писател, сатиричар, философ и футуролог. Еден од најпознатите писатели и теоретичари на научна фантастика и најпреведуваниот полски писател. Делата му се преведени на 41 јазик и продадени во над 27 милиони примероци и со тоа е најпреведуваниот автор на научна фантастика од едно неанглиско говорно подрачје. Во нив средишно место имаат филозофските теми, односно рефлексиите за технологијата, за природата на интелигенцијата, за неможноста од меѓусебна комуникација и разбирање, како и длабокиот песимизам поради ограничувањата што произлегуваат од природата на човекот и од неговото место во вселената.

Станислав Лем е роден на 12 септември 1921. во (тогаш полскиот) град Лавов, Украина каде што го минал и детството. И покрај еврејското потекло на неговото семејство Лем бил воспитуван во католички дух, меѓутоа тој лично се сметал за атеист.

Во текот на советската окупација од 1940. до 1941. студирал медицина на Медицинскиот универзитет во Лавов. За време на германската окупација ги прекинал своите студии, и, користејќи лажни документи, работел како автомеханичар и заварувач. Тогаш соработувал со полското движење на отпорот. Своите студии ги продолжил во 1944. кога советските сили повторно влегле во Лавов. Во 1946. со семејството заминува од Лавов, кој бил присоединет кон СССР, и се преселува во Краков, каде во 1948. ги завршува студиите по медицина на Јагелонскиот универзитет. Во тоа време започнува да се занимава со литература. Своето прво дело Człowiek z Marsa (Човекот од Марс) го објавувал во продолженија во списанието Nowy Świat Przygód (Нов свет на можности).

Прочитајте повеќе...



  1. Фотограф на царот: Сергеј Михајлович Прокудин-Горски Библиотека на Конгресот. Пристапено на 13 август 2006