Под јаремот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Иван Вазов

„Под јаремот“ (бугарски: Под игото) — роман во три делови на бугарскиот писател Иван Вазов, целосно објавен за првпат во 1894 година и посочен како прв пример за роман во бугарската книжевност. Творбата е најпопуларното и ценето дело на писателот.

Романот е напишан за време не прогонот на Вазов во Одеса и е пренесен во Бугарија со руска дипломатска пошта. Бил издаден од издавачката куќа „Т. Ф. Чипев“.

Поднасловот на романот гласи „Од животот на Бугаринот во предвечерието на Ослободувањето“. Бил напишан во периодот 1887–1888 во Одеса (тогаш Руско Царство, денес Украина). Првиот дел бил објавен по првпат во 1889 година во „Зборник за народни умотворби, наука и книжнина“. Во 1890 година, во истиот зборник биле објавени и другите делови. Во 1894 година бил објавен како самостојна книга.

Според издавачот „Бук рајет“ (Book riot) „Под јаремот“ е книга на бугарски јазик преведена на најмногу странски јазици - 30+.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „THE MOST TRANSLATED BOOKS IN EUROPE“. Book riot. 26.08.2021. Посетено на 4 септември 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]