Плоштад „Кирил и Методиј“ (Љубљана)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Плоштад „Кирил и Методиј“
Ciril-Metodov trg
Плоштадот во 2014 година
Должина:175 m (574 ft)
Широчина:10 м
Место:Љубљана, Словенија

Плоштад „Кирил и Методиј“, наречен и Кирил-Методиев плоштад (словенечки: Ciril-Metodov trg) ― плоштад или поточно улица во јадрото на Љубљана, Словенија. Наречен е по солунските просветители Свети Кирил и Методиј.

Историја[уреди | уреди извор]

Во октомври 2009 година, плоштадот бил повторно отворен за употреба, по неговото обновување во тој период.[1]

Особености[уреди | уреди извор]

Плоштадот „Кирил и Методиј“ е опкружен со многу познати градби, повеќето од нив со средновековен дизајн односно поставеност. Плоштадот го означува почетокот на главната средновековна градска артерија, која продолжува со Стариот плоштад, Градскиот плоштад и Горниот плоштад. Денешниот изглед го добил делумно за време на барокниот период, а делумно по земјотресот во 1895 година. Најистакнато место на Плоштадот „Кирил и Методиј“ е соборната црква „Свети Никола“ и Архиепископскиот дворец. На местото на сегашната соборна црква во средината на 13 век постоела романска црква посветена на Свети Никола. Подоцна, таа била обновувана неколку пати. Нова барокна црква била подигната на почетокот на 18 век. Архиепископскиот дворец е поврзан со со соборната црква преку пристап над влезот на црквата. Зградата бил подигната набргу по основањето на епархијата на крајот на 15 век. Во источниот дел на Плоштадот „Кирил и Методиј“, свештенички куќи биле сместени помеѓу Замоковскиот Рид и Пазарската улица. Повеќето згради се двокатни и имаат мали дворови и живописни градини на падините на замокот. Од нив, најинтересен и најпознат е куќата на Кодели, која била изграден во 16 век. На нејзината фасада се зачувани одредени елементи од времето кога била изградена куќата, како што се аркади во дворот и аголен столб на камени конзоли. Во близина на Општинска зграда, на Плоштадот „Кирил и Методиј“ бр. 21, од 18 век наваму, постоел градски хотел наречен „Кај дивиот човек“ (словенечки: Pri divjem možu), познат и како „Бидлмон“. Куќата била изградена во 1742 година и е украсена со камен влезен портал, дело на вајарот Лудвик Бомбасија и интересна барокна фасада со пиластри.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ciril Metodov trg in Stritarjeva ulica“ [Плоштад „Кирил и Методиј“ и Ститарева улица]. Градска општина Љубљана. Архивирано од изворникот 2023-02-01. Посетено на 1 февруари 2023.
  2. „Ljubljana - Ciril-Metodov trg (Cyrill Methodius Square)“. kraji.eu. Архивирано од изворникот 2020-04-10. Посетено на 1 февруари 2023.