Љубљаница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Љубљаница
Ljubljanica 3.JPG
Местоположба
Физички особености
УстиеПодград
Должина41 км
Особености на сливот

Љубљаница (словенечки: Ljubljanica) — река во Словенија која тече низ главниот град Љубљана. Се издига на југ сè до местото Врхника и се влева во реката Сава околу 10 км низводно од Љубљана.

Љуљбаница претставува продолжение на неколку карстни реки што течат од Президско Поле со Врхника на површината и под земја во пештери, па на реката поетски ѝ се даваат шест имиња: Трбуховица, Обрх, Стржен, Рак, Пивка, Уница и Љубљаница.

Историска важност[уреди | уреди извор]

Љуљбаница е популарно археолошко наоѓалиште како за археолозите, така и за дивите копачи кои нуркаат во неа во потрега на изгубени артефакти од дамнешни времиња. Во текот на реката помеѓу Љубљана и Врхника изобилува со наоди од каменото време до времето на ренесансасо артефакти од древни локални култури, па сè до попознатите како Римјаните и Келтите.[1]

Сè уште е спорна причината зошто старите народи ставале предмети во реката, но највеќето историчари се повикуваат на месните преданија кои од памтивек ја сметаат реката за света. Овие предмети веројатно биле дарови за реката при важни настани или обреди, за заблагодарување или за барање помош од неа.

Како таква реката Љуљбаница станала мошне популарна кај копачите по богатства. Се смета дека досега од реката се извадени 10.000-13.000 предмети со кои јавноста е сосем незапознаена. Многу вакви предмети се продадени на приватни лица, или пак се скриени кај трагачите. Како мерка словенечкото собрание во 2003 г. ја изгласала реката за национално богатство и го забранила нуркањето без дозвола.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kaufmann, Carol (јан 2007). "A River's Gifts". National Geographic Magazine. 150-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]