Плоштад Платан

Од Википедија — слободната енциклопедија

Плоштадот Платан е централниот градски плоштад и еден од симболите на градот Требиње .

Историја[уреди | уреди извор]

Платани латински: Platanus се едни од најпрепознатливите симболи на Требиње . По анексијата на Босна и Херцеговина во 1878 година, Австроунгарија пронашла гробишта во центарот на градот и било одлучено да ги преселат, а 16 дрва чинари да засадат на нивно место. Со текот на времето, во градот биле засадени повеќе чинари, па сега ги има околу 80 [1]

Сегашната ситуација[уреди | уреди извор]

Во близина на плоштадот се наоѓа средновековен пазар, воедно и единствен пазар без тезги, каде на дрвени маси се продаваат најпознатите производи од Требиње како мед, вино, овошје и зеленчук.</br> Животниот век на чинарите е 300 години, во урбаните средини е за половина помалку. Иако е утврдено дека некои чинари се разболеле, експертите сметаат дека не се потребни сериозни интервенции.[2]

Легенда[уреди | уреди извор]

Во Требиње со Австроунгарија пристигнал и баронот Бабиќ, кој бил командант на градот. Во спомен на својата ќерка, која починала на 16-годишна возраст поради болест, баронот Бабиќ засадил 16 чинари во центарот на градот.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Гутић, Р. (26. 2. 2015). „Platani polako- rule“. Вечерње новости. Посетено на 5. 3. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  2. „Trebinjski gorostasi će nas nadživjeti!“. BN Televizija. 16. 4. 2016. Посетено на 5. 3. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  3. „Требињски платани“. Требиње инфо. Посетено на 5. 3. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)