Пеце Спиров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Пеце Коцев Спиров ( 1915 во Скопје8 мај 1945 во Дуго Село, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Израснал во сиромашно семејство ѝ уште млад, немајќи услови да го продолжи образованието, изучил чевларски занает. Во август 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во сите борби, што Бригадата ги водела против балистите и Германците. Бил еден од оние борци кои го поминале долгиот борбен пат на Бригадата, од Скопје до Загреб. Стигнал ѝ во Дуго Село, во близината на Загреб, каде на 8 мај 1945 година се развила тешка и крвава борба. Во неа, го изгубил својот млад живот.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 130. На |first= му недостасува |last= (help)