Петре Блажевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Петре Блажевски
Роден 1927 година
Леуново, Кралство СХС
Починал 1945 година
Сремски фронт, Независна Држава Хрватска
Народност Македонец

Петре Блажевски (Леуново, Гостиварско, 1927 - Сремски фронт, Независна Држава Хрватска 1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и Југославија, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Споменик на борците за слобода и жртвите на фашизмот од Леуново, меѓу кои е и името на Петре Блажевски.

По примерот на својот постар брат (Трпе), Петре иако мoшнe млад, уште како дете, учествувал во активноста на младинската организација во Леуново. За да покаже дека и тој може да придонесе, земал задачи што ги надминувале неговите можности. Многу пати пренесувал разни информации, материјали и илегалци. Станал мошне активен младинец и курир. Се повеќе растела неговата нетрпеливост да стане партизан. Таа желба подоцна му била остварена и тој станал борец. Во борбите на Сува Гора (Сремски фронт), бил тешко ранет и по извесно време им подлегнал на раните.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 270.