Прејди на содржината

Персонален данок на доход

Од Википедија — слободната енциклопедија

Персонален данок на доход (англиски: personal income tax) претставува данок кој се плаќа на вкупниот доход што го остварува поединецот врз основа на сите извори (плата, хонорар, договор за дело итн.). Персоналниот данок на доход спаѓа во групата на даноци на доходот и во групата директни даноци.

Даночни стапки

[уреди | уреди извор]

Табела бр. 1: Стапки на персоналниот данок на доход во одбрани земји (2017)[1]

ЗемјаДаночна стапка
Македонија10%
Албанија0% (до 30.000 леки), 13% (од 30.001 до 130.000 леки) и 23% (над 130.000 леки)
Бугарија10%
Босна и Херцеговина5% (во Федерацијата БиХ) и 0-15% во Република Српска
Хрватска12% (до 26.400 куни), 25% (од 26.401 до 105.600 куни) и 40% (над 105.600 куни)
Австрија0%% (до 11.000 евра), 25% (од 11.001 до 18.000 евра), 35% (од 18.001 до 31.000 евра), 42% (од 31.001 до 60.000 евра), 48% (од 60.001 до 90.000), 50% (од 90.001 до 1.000.000 евра) и 55% (над 1.000.000 евра)
Германија0% (до 8.820 евра), 14-42% (од 8.821 до 54.057 евра), 42% (од 54.058 до 256.304 евра), 45% (над 256.304 евра) плус 5,5% солидарна давачка пресметана на износот на данокот
Грција22% (до 20.000 евра), 29% (од 20.001 до 30.000 евра), 37% (од 30.001 до 40.000 евра) и 45% (над 40.000 евра)
Црна Гора9% (до 720 евра) и 15% (над 720 евра)
Србија10% и 25%
Словенија16% (до 8.021 евро), 27% (од 8.021 до 20.400 евра), 34% (од 20.401 до 48.000 евра), 39% (од 48.801 до 70.907 евра) и 50% (над 70.907 евра)

Персоналниот данок на доход во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, прогресивниот систем на пресметка на персоналниот данок на доход бил заменет со рамен данок со пропорционална даночна стапка од 12%, која во 2008 година била дополнително намалена на 10%.[2]

Табела бр. 1 - Даночните приходи во Македонија, 2003-2016 (во милиони денари)[3]

ГодинаПДД
20037.503
20047.707
20058.099
20068.414
20078.891
20088.696
20098.707
20108.872
20119.513
20129.553
201310.255
201412.321
201512.909
201614.205
  1. Павле Гацов, „Летни разговори за најавените даночни измени“, Економија и бизнис, година 19, број 231, септември 2017, стр. 27.
  2. Димитар Николоски, „Филипсовата крива во Република Македонија како инструмент за создавање политики“, Економија и бизнис, год. 16, бр. 179, мај 2013, стр. 48.
  3. Павле Гацов, „Состојби наспроти трендови - Македонски фискални и економски индикатори“, Економија и бизнис, година 18, број 225, март 2017, стр. 52-53.