Пенелопа (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Francesco Primaticcio 002.jpg

Пенелопа (грчки: Πηνελόπεια) е лик од Одисеја, една од двете епски поеми на Хомер, заедно со Илијада. Таа во грчката митологија е сопруга на кралот на Итака, Одисеј, и ќерка на Икариј и Перибеја. Позната е по својата верност кон својот сопруг, која го чекала дваесет години да се врати од Тројанската војна. Во текот на тие години, таа според легендата имала 108 предлози за да се омажи со друг маж и да го прогласи своојот сопруг како мртов. Според истата легенда и според Аполодор[1], предлозите упатени кон Пенелопа биле околу 136.

По враќањето на Одисеј на Итака, тој разбрал дека неговото кралство било заземено од оние кои постојано и предлагале брак на својата сопруга, па со помош на Атена, тој бил претворен во старец. По предлог на Атена, Пенелопа им кажала дека ќе се омажи за оној кој ќе победи во натпревар по стрелање, користејќи ја стрелата на Одисеј. Така, на натпреварот победил Одисеј, а по ова тој заедно со својот син Телемах ги убил своите ривали.

Пенелопа денеска претставува симбол на верност.

Наводи[уреди]