Паричник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Паричник

Паричник или портфељ (француски: portefeuille) – моден додаток со џебна големина кој се користи за носење на пари, лични документи (лична карта, возачка дозвола, итн.) како и банкарски картички (кредитни картички, готовински картички), членски картички, визит-карти и сл.

Во почетокот паричникот бил типично машки моден додаток, но сè повеќе и повеќе бил користен и од жените наместо портмоне, затоа што бил позгодни за носење, а и поелегантен од портмонето.

Машкиот паричник вообичаено се носи во задниот десен џеб на панталоните или во џеб од сакото. Во големите градови и во туристичките места, се препорачува да се носи во внатрешен џеб, на гради, како холстер или слично, за да се избегне кражба.

Модели[уреди | уреди извор]

Двата најчести модели на паричници се:

  • паричник на преклоп (две крила, се отвора како книга)
  • паричник со двоен преклоп (третото крило се надоврзува на едно од двете крила и се преклопува во средината).

Паричниците и од двата модела дополнително може да располагаат со:

  • втор голем џеб за банкноти
  • портмоне (формирано од џеб со копче за закопчување)
  • дополнително проѕирно џепче (на пример за лична карта)

Вообичаено машките паричници се со големина од 10x10 cm или 14x10 cm. Повеќето се црни или кафеави и дозволени се сите тонови.

Женските паричници вообичаено се два пати поголеми од машките модели, понекогаш имаат ремче (стил рачна торба) и многу често се во боја.

Повеќето паричници се изработени од телешка или биволска кожа или кожи од егзотични животни (алигатор, крокодил, ној, питон, анаконда, гуштер, ајкула, итн.), а некогаш и од разни видови кожи.

За широка потрошувачка постои широка палета на паричници од пластика или други синтетички материјали, платнени паричници, алуминиумски или од обична кожа со среден квалитет, вклучувајќи ги и имитациите на егзотични кожи.

Денес, цената на обичните паричници е под 50 , на оние од егзотични кожи цените почнуваат од 200-400 €, а на оние по нарачка цените почнуваат околу 1800 €.

Во случај на кражба, загубата на пари е најмалата мака споредено со постапките за да се добијат документите. Кражба на паричник во странство каде личните документи се неопходни за враќање дома може да биде драматично.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]