Кредитна картичка
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Историски развој
[уреди | уреди извор]Издавач на првиот прототип на кредитна картичка бил Џон Бигинс од Националната банка на Бруклин „Флетбуш“ (Flatbush National Bank of Brooklyn), во Њујорк. Во 1946 година, тој ја измислил програмата Charge-It помеѓу клиентите на банката и локалните трговци. Со оваа програма, трговецот можел да депонира слипови од извршените продажби во банката, а потоа банката го фактурирала клиентот кој ја користел картичката.[1] Сепак, првата кредитна картичка била издадена во 1950 година, од страна на „Дајнерс клуб“ (Diners Club). Картичката била измислена од страна на основачот на „Дајнерс клуб“, Френк Мекнамара, со цел да може да ги плаќа своите сметки во рестораните. Со помош на картичката, клиентот можел да јаде без да плати во секој ресторан кој ги прифаќал кредитните картички на „Дајнерс клуб“. Потоа, „Дајнерс клуб“ му плаќал на ресторанот, а имателот на кредитната картичка вршел отплата на долгот кон “Дајнерс клуб“. Всушност, на почетокот, картичката била т.н. chargecard, наместо кредитна картичка, бидејќи клиентот морал веднаш да го отплати целиот износ кој бил фактуриран од страна на “Дајнерс клуб“.[2]
Подоцна, во 1958 година, фирмата „Американ Експрес“ (American Express) ја лансирала својата прва кредитна картичка, а истата година и „Банка на Америка“ (Bank of America) ja издала својата BankAmerica card, која претставувала обична картичка од хартија со ограничување од 300 долари. Оваа картичка подоцна била преименувана во „Виза“ (Visa).[3]
Одлики на кредитната картичка
[уреди | уреди извор]Со кредитната картичка автоматски се добива кредит од банката. Овој кредит го користите со употреба на самата картичка, а тоа значи со купување или извршена уплата. Затоа ваквиот кредит се нарекува револвинг. Уште една предност кај кредитната картичка е тоа што сами го бирате износот на уплатата (сепак, тој не смее да биде помал од минимумот прикажан на изводот). Ако до рокот кој е зададен во изводот го уплатите целиот износ кој сте го потрошиле тогаш банката не наплаќа камата. Периодот за кој не се наплаќа камата се вика grace period'.
Kредитните картици не само што претставуваат подобро средство за плаќање од чековите туку и многу значаен инструмент во продажната политика со кој се овозможува краткорочно кредитирање на поедини трговци и потрошувачи на мало. Кредитната картичка е легитимација која го овластува легитимниот имател на безготовинското плаќање кај договорените претпријатија.
При користење на кредитните картици, засегнати се обично четири страни:
- Сопственикот на картичката
- Трговецот кој продава стоки или услуги
- Оној кој го обработува плакањето со картичката и
- Емитентот на картичката
Во некои случаи, фирмата која го обработува плакањето со картичка и емитентот се исти, но во повеќето случаи тие дејствуваат како различни правни ентитети.
Функции на кредитната картичка
[уреди | уреди извор]Кредитната картичка опфаќа три главни функции:
- Средство за безготовински платен промет
- Инструмент за кредитирање на сопственикот(купувачот)
- Општоприфатено интернационално платежно средство, без претворање на една валута во национални пари.
Кај универзалниот систем на кредитни картички, плаќањето се врши во временски интервали, преку сметката на издавачот на картичката или преку банка без посебно плаќање. Плаќањето преку банка се врши со намалување на средствата на сметката на корисникот. Покрај кредитната функција на кредитните картици, многу е значајна и нивната платежна функција. Се работи за безготовинското плакање кое има низа предности пред готовинското. Платежната функција на кредитните картици не е врзана само за одредено монетарно подрачје. Платежната функција се состои во тоа да производите и услугите на договорените претпријатија не се исплаќаат веднаш, туку повремено и не на договореното претпријатие туку на издавачот на картичката.
Процес на плаќање
[уреди | уреди извор]Вообичаената трансакција со помош на кредитна картичка, се одвива на следниов начин:
Продавачот ја израчунува вредноста што купувачот треба да ја плати. Купувачот ја дава својата кредитна картичка. Продавачот ја провлекува картичката низ ПОС терминалот. Вредноста на купената стока се внесува рачно. Продавачот ги поднесува податоците за кредитната картичка и вредноста на купената стока во својата банка-соработник, со наредба за авторизација. ПОС терминалите обично се наместени да бараат авторизација во самиот момент на продажба, а вистинскиот пренос од сметката се врши подоцна. Банката-соработник потоа ја проследува трансакцијата, проследувајќи го барањето за авторизација на банката која ја емитира картичката. Бројот на картичката го идентификува видот на картичката, банката која ја емитирала и сметката на сопственикот на картичката.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Inventors[мртва врска]
- ↑ „Историја на кредитните картички“. Архивирано од изворникот на 2012-05-07. Посетено на 2019-06-28.
- ↑ „Историја на „Виза"“. Архивирано од изворникот на 2014-01-21. Посетено на 2019-06-28.