Портмоне

Портмоне од брокат

Франсоа Баро - Трн и сино ќесе
Портмоне (француски: portemonnaie (коригиран правопис од 1990), porte-monnaie (традиционален правопис)) – галицизам кој означува ќесе за ситни пари и монети. Истиот сè повеќе се заменува со паричник кој истовремено има делови за сместување на банкноти и монети, но и разни видови картички како лична карта, возачка дозвола, кредитни картички, готовински картички, картички за лојалност и сл.
Портмоне на други јазици[уреди | уреди извор]
Францускиот збор porte-monnaie покрај во македонскиот, е прифатен и во повеќе други европски јазици, при што истиот го изгубил своето етимолошко значење.
- германски : das Portmonee или Portemonnaie со ист изговор
- холандски : de portemonnee
- романски : portmoneu
- руски, украински, бугарски и српски : портмоне
- полски : portmonetka
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Портмоне“ на Ризницата ? |