Очекување од приватноста

Од Википедија — слободната енциклопедија

Очекување од приватноста е една многу важна тема. Сите ние имаме своја приватност, која сакаме да биде сочувана. Кога станува збор за приватноста се поставува прашањето, што ние очекуваме од приватноста? На оваа тема треба многу да се зборува, бидејќи произлегуваат многу прашања. Сите ние сакаме да имаме приватност, и ако таа постои, потоа следи прашањето што ние очекуваме од неа. Нарушување на приватноста е упад во личниот живот на некој друг, некогаш тоа се прави без причина, а некогаш со причина. Но, за сите такви ситуации оној кој е нападнат има право да поднесе тужба.

Најчести жртви на нападот на приватноста се познатите, јавните личности. Кај нив приватноста е најмалку заштитена. Тие се мета на постојаните оговарања и трачеви. Но, и луѓето кои се наоѓаат во тие ситуации, очекуваат нешто од приватноста, без разлика што нивната приватност е доста нарушена. Секој човек очекува нешто од приватноста, тоа е во природата на самиот човек. [1]

Разумно очекување од приватноста[уреди | уреди извор]

Разумно очекување на приватноста постои ако ние всушност очекуваме приватност, и за нашето очекување општеството како целина, смета дека е легитимално. Така ние го поставуваме прашањето, дали нашето очекување од приватноста е разумно. Во некои случаи во Врховниот суд, се докажало дека многумина, немаат големи очекувања од приватноста,а тоа е заради големиот број на напади врз приватноста. Некогаш може свесно да се изложуваме на напади на приватноста. Може да постојат приватни статуси, кои штитат од споделување на информации за нас, некои записи од комуникациите за добијат посебна правна заштита, но да се добие таква заштита е потешко. Секој има разумно очекување од приватноста во нивниот дом, затоа што луѓето не гледаат на начин дека тоа е само куќа, туку тоа е место, каде што се случуваат многу настани, кои треба да бидат познати само за личностите коишто живеат во таа куќа.

Но, како и да е, и во нашите домови може да бидеме изложени на губење на приватноста, и тоа е многу честа појава. Ако ние ја отвориме нашата куќа за некоја забава, или некоја политички митинг, полициски службеници може да се најдат во нашата куќа како гости, и тие може да ги набљудуваат останатите гости, што прават, и да откријат некои нерегуларни работи. Друг случај е кога имаме разумно очекување за приватноста во нашата канцеларија, сè додека таа не е отворена за јавноста. Но, може да се случи дел од нашата канцеларија да биде достапна на јавноста, а останатиот дел да не биде достапен за јавноста. Уште еден интересен пример за приватноста, е случајот дека ние постојано фрламе отпад, доколку ние тоа ѓубре го ставиме на работ на тротоарот, или пред нашата куќа, приватноста на тој отпаден материјал, ќе биде нарушена.

И кога сме на јавно место, ние сепак треба да имаме одредена доза на приватност. Кога се наоѓаме во ресторан, или во некој бар, нашата приватност е нарушена, сите наши чекори, движења се следени од некој кој се наоѓа на истото место како и нас. Митинзите или пак некои други политички организации не се приватни места, и на таквите места очекувањето од приватноста е многу мало. Таквите места се опкружени со полиција, и полицајците постојано го следат однесувањето на луѓето, нормално тие тоа го прават со цел, да не се случи некој инцидент, но тоа во секој случај ја нарушува приватноста на присутните. Очекувањето на приватноста се намалува, кога информациите кои се доверени на едно лице, се пренесуваат на друго лице без да се има дозвола за тоа. Така секогаш треба да имаме на памет дека информациите изложени на јавноста не се заштитени. Поштенските пратки се заштитени од изложување во јавноста. [2]

Очекување од приватноста кај електронската пошта[уреди | уреди извор]

Електронската пошта може да ја сметаме за приватна, бидејќи контактираме со некого, без некој друг да знае за тоа. Но, ако размислиме од друга страна, за честите напади на електронските пошти, може да сватиме дека, на тој начин нашата приватност е загрозена. Исто така, ако праќаме емаил порака од работа нашиот шеф може слободно да ја прочита таа порака, од тука увидуваме дека нашата приватност е загрозена. Но, исто така и да праќаме електронска порака од дома, некои хакери можат да ја пристапат нашата порака, така да и во овој случај нашата приватност е загрозена.

Колку и да се воведуваат некои политички правила за заштита на приватноста кај електронските пораки, сепак тие нема да бидат заштитени од љубопитните очи на другите луѓе, и секогаш тие ќе прават обиди да пристапат до тие пораки. Некои семрежни услужници се загрижени за сопствената одговорност, за приватноста на електронските пораки. Доколку приватноста не е зачувана тие сметаат дека ќе изгубат голем дел од нивните корисници. На крајот на краиштата единствен начин да се овозможи приватност на нашите пораки е тие да се шифрираат. [3]

Очекување од приватноста на јавни места[уреди | уреди извор]

Очекувањето од приватноста на јавни места е речиси непостоечко. Тоа многу тешко може да го постигнеме, заради тоа што на јавни места, сите наши движења и дејства може да бидат забележани од другите, речиси е невозможно да се сокријат некои работи. Така да може да заклучиме дека приватноста на јавни места е речиси невозмона, а што е таа невозможна, и очекувањата од неа ќе бидат невозможни. Јавните личности многу малку очекуваат од приватноста, тие постојано се опколени со луѓе, сите нивни движења се проследени од другите луѓе, а затоа нивните очекувања од приватноста се многу мали. Како и да приватноста е многу важна за секој човек, за неговиот слободен живот, луѓето се поспособни да прават што сакаат.

Очекувањето од приватноста секогаш треба да е големо, бидејќи ако нашата приватност не се почитува тогаш, нашиот живот нема да е целосен. Често луѓето сакаат да навлегуваат во приватниот живот на другите луѓе, и со тоа ја загрозуваат нивната приватност, така да луѓето чија приватност е загрозена имаат многу мали очекувања од неа. Со цел да се зголеми очекувањето од приватноста луѓето, воведуваат некои правила и казни, со кои доколку приватноста е загрозена, ќе следат одредени казни, и со тоа се очекува, пораст на очекувањето од приватноста. Како што споменавме погоре луѓето од јавниот живот имаат најмали очекувања од приватноста, бидејќи сите нивни чекори се проследени, и луѓето постојано зборуваат за некои нивни скандали или животни случки, и со тоа им ја загрозуваат приватноста. Од таму следи дека нивното очекување од приватноста ќе биде многу мало.

Очекување од приватноста на работното место[уреди | уреди извор]

Зголемената употреба на технологијата на работното место предизвика загриженост кај вработените и работодавачите. Причините за брзото ширење на технологијата на работното место се многу изненадувачки. Употребата на електронската пошта и Интернетот расте многу брзо, бидејќи на тој начин се олеснува работа на луѓето, и работите се извршуваат многу поефикасно.

Но, еден проблем што се јавува во овој случај е тоа што, приватноста на вработените се намалува ,а со тоа и нивното очекување од приватноста. Вработените сметаат дека треба да имаат приватност, и на работните места, но обратно од тоа работодавците, заради поголема сигурност и безбедност, им ја намалуваат сè повеќе и повеќе приватноста на своите вработени, а со тоа се уверуваат во правилниот начин на функционирање на нивниот бизнис.

Често се поставува прашањето како вработените да се заштитат самите себеси. Постојат неколку начини вработените да ја заштитат нивната работа со компјутер:

  • Преку забелешки од работодавачите

Работодавачите се обидуваат да договорат со вработените, да вработените имаат повеќе приватност, но сепак гледаат работите повеќе да одат во нивна корист.

  • Енкрипција

Енкрипцијата е доста користена опција, за заштита кај електронската пошта.

  • Државни службеници

Приказната за вработените во државниот сектор е поразлична од онаа на вработените во приватниот сектор. Бидејќи нивната работа се смета за државна акција.

  • Специфична заштита

Специфични информации се заштитени со закон. [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Статиja за очекување од приватноста expectation of privacy[мртва врска]
  2. Статиja за очекување од приватноста Reasonable Expectation of Privacy, Архивирано од изворникот на 2012-03-08, Посетено на 2012-03-05
  3. Статиja за очекување од приватноста електронските пораки Email Privacy
  4. Статиja за очекување од приватноста на работното место Privacy in the Workplace