Ото Лилиентал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ото Лилиентал
Ото Лилиентал околу 1896
Роден(а) Карл Вилхелм Ото Лилиентал
23 мај 1848(1848-05-23)
Анклам, Покраина Померанија
Починал(а) 10 август 1896(1896-08-10) (воз. 48 г.)
Берлин, Германија
Причина за смрт несреќа со едрилица
Почивалиште Гробишта Ланквиц, Берлин
Националност Прус, Германец
Занимање инженер
Познат(а) по успешни обиди при едрилици
Сопружник Агнес Фишер
(1878)
Деца 4[1]

Ото Лилиентал (германски: Otto Lilienthal; 23 мај 184810 август 1896) — германски пионер во воздухопловството, кој станал познат како крал на едрилиците. Бил првиот човек кој успеал да направи добро документирани, успешни и повеќе пати изведувани летови со едрилица. Го следел експерименталниот пристап претходно воспоставен од страна на Џорџ Кејли. Разни весници и списанија објавиле слики од летањето на Лилиентал, наведувајќи дека јавното и научното мислење околу можноста за летање станува реалност. За неговите придонеси кон воздухопловството во тоа време, често бил нарекуван и како „татко на летањето“.

Умрел поради здобиени повреди кога неговата едрилица откажала и не можел да ја контролира; при падот од околу 15 метри го скршил вратор.

Галерија[уреди | уреди извор]

Лилиенталредовно бил придружуван од фотографи на негово барање. Најголем дел од нив се добро познати, како Отомар Аншиц. Исто така, Лилиентал и сам ги сликал своите летачки машини по 1891.[2] Постојат најмалку 145 познати слики кои ги документираат тест-летовите, некои од нив со одличен квалитет. Сите се достапни на интернет на страница на Музејот Ото Лилиентал. Единствените негативи, чувани во Германскиот музеј во Минхен, биле уништени во текот Втората светска војна.[3]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ото Лилиентал“ Енциклопедија на светска биографија, 2004. 7 јануари 2012.
  2. Лукаш, Бернд. „Лилиентали фотографијата“ Музеј Ото Лилиентал.13 јануари 2012.
  3. „Архиви на слики на Лилиентал“ Музеј Ото Лилиентал 13 јануари 2012.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]