Прејди на содржината

Отомански архиви

Од Википедија — слободната енциклопедија

Отоманските архиви — збирка на историски извори поврзани со Отоманското Царство и вкупно 39 нации чии територии биле дел од оваа царство, вклучувајќи и 19 нации на Блискиот Исток, 11 во ЕУ и Балканот, три на Кавказот, две во Средна Азија, Кипар, како и Палестина и Турција.

Главната збирка, Башбаканлик Османли Аршивлери (турски: Başbakanlık Osmanlı Arşivleri) се наоѓа во Истанбул, во Отоманскиот архив како дел од Централниот државен архив на Турција

По повеќе од еден век во центарот на стариот град, отоманската државна архива била преместена во 2013 година во Кагитане, Истанбул.

Историја

[уреди | уреди извор]
Примероците за ракописи на султаните Мустафа IV (горе) и Селим III (долу)

Сегашната колекција содржи неколку документи од најраниот период до владеењето на султанот Сулејман во 16 век. Организацијата на овие записи како модерна архива започнало во 1847 година со основањето на Хазине-еврак[1]. Оригиналната зграда се наоѓала кај канцелариите на Големиот везир во Ѓулхан и содржи неколку главни документи: евиденција на Султанскиот совет (Divan-i Hümayun) и евиденција на работата на големиот визир (Bab-i Ali), како и евиденцијата на финансиските одделенија (Малие) и катастарски истражувања (tapu tahrir defteri). Мустафа Решид-паша наредил изградба на нова просторија во 1846 година[2], и истата била завршена од страна на архитект Гаспаре Т. Фосати во 1848 година. Бил формиран и оддел, наречен „Надзор на Трезорот на документи“ а Мухсин Ефенди станал првиот надзорник.

Со формирањето на Републиката, Хазине-еврак се трансформирала во Башвекалет Аршив Умум Мудурлугу и на крајот Башбаканлик Аршив Генел Мудуруглу. За време на овој период, во збирките биле додадени евиденции за различни османлиски оддели и административни власти од 19 век.

Паралелно со овие промени и дополнувања, турските научници ги презеле првите чекори за класификација и каталогирање на разни колекции. Овие рани напори довеле до создавање на голем број на класифицирани збирки (tasnif) кои сè уште се наведуваат според името на научниот работник кој го создал каталогот. Денес работата на каталогизирање на огромната колекција продолжува.

По повеќе од еден век во центарот на стариот град, отоманската архива била преместена во 2013 година во Кагитане, Истанбул.

Архивите и Ерменскиот геноцид

[уреди | уреди извор]

Османлиските архиви не само што содржат информации за османлиската династија и османлиската држава, туку и за секоја нација која има дел од овие ресурси. Иако сметаат дека се отворени за сите истражувачи, научниците се пожалиле на тоа дека им бил спречен пристап до преглед на документи поради природата на нивната тема за истражување[3][4][5]. Сепак, многу од истражувачите на Ерменскиот геноцид, ја користеле архивата во Истанбул, наведувајќи ги истражувањата во нивните книги, иако тие тврделе дека се соочиле со препреки за време на нивниот пристап[6][7].

  1. Christopher Markiewicz and Nir Shafir, “The Ottoman State Archives”, Hazine, 10 October 2013
  2. Gábor Ágoston, Bruce Masters, Prime Minister's Ottoman Archives, Encyclopedia of the Ottoman Empire, Facts On File, Inc. 2009]
  3. Sarafian, Ara. "The Ottoman Archives Debate and the Armenian Genocide," Armenian Forum 2 (Spring 1999): pp. 35-44.
  4. Gingeras, Ryan (2009). Sorrowful Shores: Violence, Ethnicity, and the End of the Ottoman Empire, 1912-1923. New York: Oxford University Press. p. vii.
  5. Theriault, Henry C. (2003). "Denial and Free Speech: The Case of the Armenian Genocide," in Looking Backward, Moving Forward: Confronting the Armenian Genocide, ed. Richard G. Hovannisian. New Brunswick, NJ: Transactions Publishers, p. 256, note 30.
  6. Taner Akcam, The Young Turks Crime against Humanity: The Armenian Genocide and Ethnic Cleansing in the Ottoman Empire (Human Rights and Crimes Against Humanity)
  7. Sarafian, Ara (Spring 1999). „The Ottoman Archives Debate and the Armenian Genocide“ (PDF). Armenian Forum. 2 (1): 34–44. Посетено на 3 March 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]