Оксим

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оксим е хемиско соединение од групата на имини со општа формула R1R2C=N O H, каде R1 е органски страничен ланец и R2 може да биде водород, формирајќи алдоксим, или друга органска група, формирајќи кетоксим. Амидоксимите се оксими на амидите со општа формула RC(=NOH)(NRR').

Оксимите вообичаено се добиваат во реакција меѓу хидроксиламин и алдехид или кетон.