Од животот на марионетите

Од Википедија — слободната енциклопедија

Од животот на марионетите (германски: Aus dem Leben der Marionetten) - германски филм од 1980 година во режија на Ингмар Бергман, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Роберт Ацорн, Кристине Бухегер, Мартин Бенрат, Лола Мител и Рита Русек.

Кристин Бучегер глуми Катарина Егерман. Целата актерска екипа беше извлечена од Residenztheater.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Петер Егерман (го игра Ацорн) ја убива проститутката Катарина (ја игра Русек). Низ изјавите на луѓето кои биле блиски со него полека се открива како дошло до убиството. Две недели прехтодно, тој го посетува психијатарот, професорот Јенсен (го игра Бенрат) и му соопштува дека подолго време си змаислува како ја убива сопругата Катарина (ја игра Бухегер). По разговорот со професорот, Петер открива дека Катарина има љубовна врска со професорот. Неколку дена пред убиството, Петер сака да изврши самоубиство, но нема храброст да го направи тоа. Најпосле, на денот на убиството, тој оди во јавна куќа, но не сака да има секс со проститутката. Тој се обидува да си замине, но сите врати се затворени, па тогаш ја убива проститутката. На крајот од филмот, професорот ја диктира својата изјава во која соопштува дека Петер бил под силно влијание на мајка му (ја игра Мител). Во затворот, Петер одбива да контактира со блиските, а спие со играчката-мече.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]