ОУ „Рајко Жинзифов“ - Драчево
Рајко Жинзифов | |
|---|---|
| Место | |
| Општина: | Општина Кисела Вода |
| Наречено по: | Рајко Жинзифов |
| Нас. место: | Драчево |
| Адреса: | ул. „Иван Хаџиниколов“, бр. 2 |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1964 |
| Директор: | Елизабета Славковска |
| Број на ученици: | 704 (2014/15) |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | sites.google.com/site/rajkozinzifov |
| Телефон | 02/2791-025 |
| Факс | 02/2791-025 |
Основно училиште „Рајко Жинзифов“ (официјално: Основно општинско училиште „Рајко Жинзифов“ - Драчево; скратено: ООУ „Рајко Жинзифов“) — централно основно училиште во скопската населба Драчево, Општина Кисела Вода.[1]
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски преродбеник Рајко Жинзифов.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето е плод на хуманоста и солидарноста на народот и Владата на Обединетото Кралство, кое било изградено по разорниот земјотрес во 1963 година. Училиштето службено започнало со работа на 1 септември 1964 година. Во населбата Пинтија е сместено подрачно деветгодишно училиште.
Централното училиште постои веќе 50 години, а подрачното училиште како деветгодишно основно училиште работи веќе неколку години. Исто така училишната библиотека работи уште од самите почетоци на училиштето и во својот фонд на книги брои над 1000 изданија.
Изградба нов објект
[уреди | уреди извор]Во ноември 2012 година, биле поставени темелите на новата училишна зграда на училиштето како донација од Владата на Народна Република Кина. Изградбата на новото училиште завршила во септември 2014 година, а проценета е на 3,9 милиони евра. Покрај објектот, сиот инвентар, исто така, е донација од НР Кина.
На 1 септември 2014 година изградена и пуштена е новата зграда со 4.500 квадратни метри во кои се сместени 35 училници, 5 ново опремени кабинети и библиотека. Во дворот кој се протега на 16.000 квадрати има фудбалско игралиште, кошаркарско игралиште, атлетска патека, простор за слободни активности на отворено. Во учебната 2014/15 училиштето имало 704 ученици, од кои 82 биле првачиња.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-08.
- ↑ „Ново училиште во Драчево“. Архивирано од изворникот на 2014-09-06. Посетено на 2014-09-02.
