ОУ „Живко Чинго“ - Велгошти
Живко Чинго
| |
---|---|
Поглед на училиштето
| |
Место | |
Општина: | Општина Охрид |
Наречено по: | Живко Чинго |
Нас. место: | Велгошти |
Адреса: | с. Велгошти |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1876 |
Директор: | Мирјана Крлеска[1] |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Е-пошта | ou_zcingo@yahoo.com |
Телефон | 046/288-347 |
Факс | 046/288-347 |
Основно училиште „Живко Чинго“ (официјално: Општинско основно училиште „Живко Чинго“ - Велгошти; скратено: ООУ „Живко Чинго“) — централно основно училиште во охридското село Велгошти, Општина Охрид.[2]
Училиштето е именувано по истакнатиот македонскиот раскажувач и романописец Живко Чинго.
Историја
[уреди | уреди извор]Во летописната книга на тогашното основно училиште „Коле Неделкоски“ во 1960 година е наведено дека првото основно училиште во селото Велгошти било отворено во 1876 година. Наставата се изведувала на грчки јазик во пангарот на црквата „Св. Пантелејмон“. Како прв учител бил селскиот поп.[3]
Во 1878 година било отворено првото егзархиско училиште и била изградена училишна зграда, во рамки на црковниот двор.[3]
Откако училиштето, како и целото село, изгорело во Илинденското востание, наставата повторно се изведувала во црквата. Во периодот 1912-1915 година, наставата се спроведувала на српски јазик.[3]
Поголема училишна зграда била направена во 1922 година, која денес повеќе не постои, а се наоѓала на сретселото. Денешната зграда се градела во периодот 1927-1929.[3]
Од 1944 година, во училиштето се изведува настава на македонски јазик.[3]
Во 1953 година, училиштето го добило името на македонскиот поет и борец Коле Неделковски.[3]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настава од прво до деветто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Спортската сала „Тодор Александров“ во дворот на училиштето
-
Игралиште пред училиштето
-
Влезот во училиштето
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Мирјана Крлеска нов директор на училиштето во Велгошти - Velgosti.com“. Посетено на 2019-12-22.
- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-14.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Ристески, Стојан (1982). Велгошти: прилог за монографија. Охрид: Месна заедница на Велгошти.