Нотно знаменце
Изглед
Нотно знаменце (италијански: cod[att]a, француски: crochet [de la note], англиски: flag, tail, германски: Notenfahne) — третиот дел нотата, покрај нотната глава и нотниот врат, што се додава на осмината нота и на помалите нотни вредности.
- На долната слика прикажано е систематското намалување нотните вредности. Додавањето на едно знаменце на вратот започнува со осминската нотна вредност, две знаменца добива шеснаесетинската нотна вредност, три знаменца триесетидвоинската нотна вредност, четири знаменца шеесетичетвртинската нота итн. :
Правилно пишување на нотното знаменце
[уреди | уреди извор]Нотното знаменце секогаш се запишува на десната страна и на крајот од нотниот врат. Се бележи:
кога нотниот врат е свртен нагоре.
кога нотниот врат е свртен надолу.
Групирање на различни нотни вредности
[уреди | уреди извор]Во современата нотација, замена за знаменцата се ребрата (споени нотни знаменца). Бројот на ребра одговара на бројот на знаменца. Едно знаменце - едно ребро, две знаменца - две ребра итн.
За прегледност и побрзо пишување, се спојуваат повеќе ноти, т.е. се групираат со т.н. со црта, ребро или греда.