Тонски систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Тонскиот систем е систем од сите тонови кои се користат во музичката практика. Тонскиот или нотен систем е поделен на групи од по 7 именувани тонови различни по висина кои се викаат октави. Секоја октава има свое име: субконтра, контра, голема, мала, прва, втора, трета, четврта, петта.