Прејди на содржината

Нов Арманќој-Корделио

Координати: 40°39.50′N 22°53.49′E / 40.65833° СГШ; 22.89150° ИГД / 40.65833; 22.89150
Од Википедија — слободната енциклопедија
Нов Арманќој-Корделио
Ελευθέριο-Κορδελιό
Нов Арманќој-Корделио is located in Грција
Нов Арманќој-Корделио
Нов Арманќој-Корделио
Местоположба во областа
Нов Арманќој-Корделио во рамките на Корделио-Арманќој
Нов Арманќој-Корделио
Местоположба на Нов Арманќој-Корделио во општината Корделио-Арманќој и областа Централна Македонија
Координати: 40°39.50′N 22°53.49′E / 40.65833° СГШ; 22.89150° ИГД / 40.65833; 22.89150
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаКорделио-Арманќој
Надм. вис.&100000000000000040000004 м
Население (2021)[1]
 • Вкупно26.131
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Нов Арманќој-Корделио (грчки: Ελευθέριο-Κορδελιό, Елевтерио-Корделио, до 1952 г. Χαρμάνκιοϊ, Харманќој,[2] до 1984 г. Ελευθέριο, Елевтерио) — предградие на Солун, Егејска Македонија, дел од општината ем Корделио-Арманќој. Населението брои 26.131 жители (2021).

Географија

[уреди | уреди извор]

Општината се наоѓа во североисточниот дел на Солун.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во 1924 г. на подрачјето јужно од Арманќој се доселиле малоазиски Грци. Новата населба е наречена Нов или Долен Арманќој (Нео или Като Харманќој), а подоцна во 1952 г. е преименувано во Елевтерио.[3] Во исто време, на запад дојденци од Корделио (денс Каршијака) во Турција ја основале населбата Ново Корделио (Нео Корделио). Според пописот од 1928 г. Ново Корделио било дојденско село со 114 семејства од вкупно 465 жители.[4] Во 1927 - 1928 г. на подрачјето се доселени Грци од градот Василико (Царево) во Бугарија. Во 1960-тите во околината дошле Каракачани, а во 1980-тите и Грци од СССР.

Во 1984 г. Ново Корделио е припоено кон Нов Арманќој (Елевтерио), сочинивајќи го Нов Арманќој-Корделио.[5] Од 1 јануари 2011 г. општината Елевтерио-Корделио е обединета со општината Арманќој (Евосмос) во општината Корделио-Арманќој по законот „Каликратис“.[6]

Знаменитости

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  3. Χατζηκυριακίδης, Κυριάκος Στ. (2008). „(Παλαιό) Χαρμάνκιοϊ. Ιστορία, δημογραφία (τέλη 18ου αι. – αρχές δεκαετίας 1930)“. Μακεδονικά. 37: σελ. 173. Посетено на 2018-06-08.
  4. „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот на 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  5. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Занемарен непознатиот параметар |acces-date= (help)
  6. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.