Прејди на содржината

Никола Атанасов (флејтист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Атанасов
Роден 1939
Просечен, Кралство Грција
Починал 3 декември 2013(2013-12-03) (возр. 73–74)
Скопје, Македонија
Занимање флејтист

Никола Атанасов (Просечен, Драмско, егејскиот дел на Македонија, 1939 - Скопје, 4 декември 2013) — македонски флејтист и професор по флејта, познат во Македонија и Балканот. Бил именуван за легенда во музичката уметност.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Атанасов е роден во 1939 година во селото Просечен, Драмско. Во 1964 година завршил Музичка академија во Љубљана, а како стипендист на италијанската влада една година престојувал на академијата „Санта Чечилија“ во Рим. Тој бил прв флејтист во оперскиот оркестар на тогашен МНТ каде што останал до крајот на својот работен век.Бил постојан солист на Македонската филхармонија, на камерниот ансамбл за современа музика „Св. Софија“, солист на камерниот оркестар на Радио Скопје. Атанасов има добиено многубројни стручни награди, државни признанија, „11 Октомври“, „Св. Kлимент Охридски“, „Златна лира“ и други. Починал во Скопје по долгогодишно боледување на 4 декември 2013 година.[1]

  1. Почина легендата на флејта Никола Атанасов. Архивирано од изворникот на 2014-02-20. Посетено на 2013-12-05.