Никит Орифа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Никит Орифа
ДржаваВизантија
Чиндрунгариј
Битки/војниВизантиско–арапски војни

Никита Орифа[1] бил одликуван византиски службеник, патрикиј,[2] и адмирал за време на владеењето на византиските цареви Михаил III (842–867) и Василиј I (867–886), Кој постигнал неколку поморски победи против критските сараценски ограбувачи.

Биографија[уреди | уреди извор]

За време на Михаил III[уреди | уреди извор]

Сараценски пирати, од ракописот на Јован Скилица.

Ништо не се знае за младоста на Никит Орифа. Неколку луѓе именувани како Орифи се спомнати во изворите за првата половина на IX век, сите на високи поморски позиции, но секаква семејна поврзаност е случајна.[3]

Никит Орифа првпат се спомнува во изворите во 860 година, како управител на Константинопол, кога руската флота ненадејно се појвила на влезот на Босфор и започнале да ги ограбуваат предградијата. Во овој капацитет, Орифа направил извештај за Михаил III, кој во тој период бил во походи против арапите во Мала Азија. На последователен датум, тој бил назначен за адмирал на Византискаta морнарица, и во 867 година назначен за (друнгариј).[1] Во ова својство, тој испловил со 100 бродови за подигнување на опсадата на арпите на Рагуза која траела 15 месеци,[2] и да го воспостави владението на на Византија на крајбрежјето на Далмација.[4] Можно е, сепак, дека Орифа имал претходно поморско искуство, зашто тој може да се поистовети со еден од командантите кои учествувале во нападот од 853 година на Дамиета.[5]

за време на Василиј I Македонецот[уреди | уреди извор]

Орифа ги казнува Критските сарацени, приказ од ракописот на Јован Скилица.

Иако се издинал на висока позиција благодарение на царот Михаил III и протестирал против узурпацијата на престолот од царот Василиј I во 867 година, Орифа брзо бил придобиен од Василиј,[1] и станал најуспешниот византиски адмирал во тој период.[6]

Во 869 година, Орифа ја водел византиската флота која испловила со пддршка на Лудовик II кој го опсадил Бари, но со пристигнувањето таму, тој забележал дека франкската армија се разделила на зимски оддели, и предизвикал дипломатскаинцидент обраќајќи му се на Лудовик, кој ја земал титулата Цар на римјаните, само со „крал“. Како резултат на оваа кавга, главниот дел на византсиката војска заминал, без да учествува во опсадата на градот.[7]

Во 873 година, Орифа ги поразил Сарацените од Критскиот емират во Сарошкиот Залив,[8] и повторно победил наредната година:кога сарацените имале походи во близина на западното крајбрежје на Грција, тој ги натерал своите луѓе да ги влечат бродовите преку Коринтскиот превој, и на тој начин ја изненадил сараценската флота во Коринтскиот Залив и притоа поразувајќи ги.[9] Орифа по овие успеси го снемува од историската сцена, иако постои можност да ги водел византиските флоти уште неколку години пред да биде заменет од друнгариот Насар, вклучувајќи ги тука освојувањето на Бари, и за кус период Кипар.[10]

Орифа воопшто не ги сакал сарацените, и во секоја можност ги подлегнувал на тешки измачувања заробените сарацени муслимани.

References[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Winkelmann и др. 2000, стр. 441.
  2. 2,0 2,1 Constantine Porphyrogenitus & Bekkerus 1840, "De Administrando Imperio", p. 130.
  3. Winkelmann и др. 2000, стр. 442, 487–488.
  4. Runciman 1988, стр. 215.
  5. Winkelmann и др. 2000, стр. 488.
  6. Jenkins 1987, стр. 192.
  7. Jenkins 1987, стр. 187.
  8. Pryor & Jeffreys 2006, стр. 61.
  9. Treadgold 1997, стр. 457.
  10. Treadgold 1997, стр. 458.

Sources[уреди | уреди извор]