Невзат Халили

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Невзат Халили (албански: Nevzat Halili; Порој, Тетовско, 1946) е македонски политичар, прв претседател на ПДП , лидер на т.н. Албанска Републиканска Армија „Илирида“ и Албанското национално движење Илирида (АНДИ) и самопрогласен претседател на Република Илирида[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Халили е роден е во тетовското село Порој во 1946 година. Тој е почесен претседател е на ПДП и прв претседател во историјата на таа партија. Во 1992 година се спасил од затвор, за разлика од други функционери на партијата, откако отишол на Косово, а в затвор завршиле генералниот секретар на партијата Митхат Емини и тогашниот заменик министер за одбрана Хисен Хаскај. Во пролетта 2001 година Халили се вратил од Косово во Македонија, со намера да застане зад политичките барања на вооружените Албанци за време на воениот конфликт, но тоа завршило безуспешно. Повторно се вратил на Косово, каде што почнал да работи на формирање Армија на Република Илирида. Се промовира како политички водач на таа армија, а во 2002 година властите на УНМИК во Косово го уапсиле[2]. Бил обвинет за тероризам, за предизвикување и поттикнување етничко нетрпение и насилство во регионот и за недозволена трговија со оружје. УНМИК кај него нашол и му одзел огромно количество најразлично оружје. Тогашните косовски власти го осудиле на казна затвор од четири години, кои ги одлежал во приштинскиот затвор Дубрава. Ослободен е во јануари 2007 година, по што се вратил во Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Невзат Халили избран за претседател на „Илирида““, Утрински Весник, четврток, 25 октомври 2007 (посет. 2 ноември 2009 г). (на македонски)
  2. „Невзат Халили уапсен во Приштина“ (македонски). А1. 14.08.2002. конс. 2009-11-02.