На сет глас

Од Википедија — слободната енциклопедија

„На сет глас“ - збирка поезија од рускиот поет Владимир Мајаковски (во избор на Слободан Мицковиќ), објавена од издавачката куќа „Македонска книга“ во 1970 година, а во препев на Слободан Мицковиќ.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

Книгата е објавена во 1970 година од страна на издавачката куќа „Македонска книга“, како дел од библиотекатаАтлас“. Збирката има 87 страници и не е каталогизирана, ниту ја поседува меѓународната ознака ISBN. Книгата била отпечатена во Графичкиот завод „Гоце Делчев“ од Скопје, во тираж од 1.000 примероци. Нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а коректор била Драга Стефанова.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката содржи осум песни и поеми:[1]

  • Облак во панталони
  • Флејта - ’рбет
  • Јас љубам
  • Убаво постапување со коњите
  • Прашањето на пролетта
  • Разговор со финансинспекторот за поезијата
  • На Сергеј Есенин
  • На сет глас

На крајот на книгата се наоѓаат забелешки, како и поговор со наслов „Мајаковски и револуцијата“ напишан од Слободан Мицковиќ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Владимир Мајаковски, На сет глас, Скопје: Македонска книга, 1970.