Прејди на содржината

Наум Абов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Наум Абов
Роден 6 јуни 1930
Баница, Леринско,  Грција
Починал 14 октомври 2016
Скопје, Македонија Македонија
Занимање активист и шахист

Наум Абов (Баница, Леринско, Егејска Македонија, 6 јуни 1930 - Скопје, 14 октомври 2016) — македонски егејски активист и шахист,[1] учесник во Граѓанската војна во Грција и носител на почесната титула Македонски сенатор.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Абов е роден на 6 јуни 1930 година во Леринското село Баница, каде завршил основно образование. На 16 годишна возраст го затекнала Граѓанската војна во Грција 1946-1949, и како и многумина, бил мобилизиран во Демократската армија на Грција (ДАГ), во диверзантскиот вод на Дваесетичетвртата бригада, со претежно мобилизирани момчиња и девојки Македонци од леринско, костурско и воденско. Дваесетичетвртата бригада оперирала во мегленско и воденско. При учество во диверзантска акција во 1948, во обид за демонтирање од експлозија на мина претрпува оштетување на телото и рацете. Ги губи и двете раце и станува стопостотен инвалид до крајот на својот живот. Како ранет од Грција е префлен во Македонија, во специјалната болница за ранетите во Граѓанската војна во Грција во Јасеново, велешко. Оттаму, поради бунт против КПЈ и Тито, а со обвинение дека КПЈ и Тито се виновни за поразот на ДАГ во Граѓанската војна во Грција, повеќемина ранети со вагони се префрлени во Чехословачка. Во Чехословачка, врз Абов биле извршени дваесет операции, и таму останал до 1970 година, кога се вратил во Скопје, Македонија. Во Македонија активно бил вклучен во здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија и во спортски друштва. Бил одличен шахист. Бил основач на Скопското здружение на Македонците од Егејскиот дел на Македонија од 1978 година. Активно учествувал на Егејските средби во Трново, горничевските и баничките средби, ја помагал работата на многу здруженија на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Матицата на иселениците од Македонија, бил основач и почесен претседател на Форумот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, како и учесник во делегацијата на здруженијата на Македонците од Егејскиот дел на Македонија на Конференцијата за човековите права на КЕБС во Варшава, Полска, од 9 до 11 октомври 2006 година. Светскиот Македонски Конгрес како неформален Светски Парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, во 2008 година му го доделил највисокото семакедонско признание почесната титула Македонски сенатор. Починал во Скопје на 14 октомври 2016 година.