Прејди на содржината

Населби на Берлинскиот модернизам

Непроверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мапа на берлинското градско подрачје

Населби на Берлинскиот модернизам е заеднички поим за шест станбени населби во различни делови и предградија на Берлин. Во јули 2008 година беа вклучени во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО.

Населбите беа дизајнирани и изградени меѓу 1913 и 1934 година од класичните модернистички архитекти во стилот на Новата градба (герм. Neues Bauen). Населбите во денешните делови Бонсдорф, Бриц, Шарлотенбург-Север, Пренцлауер Берг, Рајникендорф и Вединг извршија огромно влијание за време на интензивното градење живеалишта во кризниот период по Првата светска војна. Со своите чисти и нови форми како и со општествената употребливост, овие населби станаа клучни за архитектурата и урбанистичкото планирање на 20 век.

Бруно Таут и Мартин Вагнер беа најодговорни за планирањето на населбите, но други архитекти, како што се Ханс Шарун и Валтер Гропиус исто така учествуваа во проектите. Најстариот дел од населбите на Берлинскиот модернизам е Градот на градини Фалкенберг (герм. Gartenstadt Falkenberg) дизајниран од страна на Таут. Белиот Град и големата населба Зименсштат биле завршени дури на почетокот на триесеттите години.

Список на станбени населби

[уреди | уреди извор]
Населба Дел од градот и четврт Време на изградба Дизајнирана од Архитекти Слика
Град на градини Фалкенберг
Бонсдорф

(Трептов-Кепеник)
1913–1916 Бруно Таут Бруно Таут

Хајнрих Тесенов
Фалкенберг
Населба Шилерпарк Вединг

(Мите)
1924–1930 Бруно Таут Бруно Таут

Макс Таут (повторна изградба)

Ханс Хофман(проширување)

Шилерпарк
Голема населба Бриц Бриц

(Нојкелн)
1925–1930 Бруно Таут Бруно Таут

Мартин Вагнер

Бриц
Населба Карл Легиен Пренцлауер Берг

(Панков)
1928–1930 Бруно Таут Бруно Таут

Франц Хилингер
Карл Легиен
Бел Град Рајникендорф

(Рајникендорф)
1929–1931 Ото Рудолф Салвисберг

Мартин Вагнер (раководство)
Ото Рудолф Салвисберг

Бруно Арендс

Вилхелм Бининг
Бел Град
Голема населба Зименсштат
Шарлотенбург-Север

(Шарлотенбург-Вилмерсдор))

1929–1934 Ханс Шарун

Мартин Вагнер (раководство)
Ханс Шарун

Валтер Гропиус

Ото Бартнинг

Фред Форбат

Хуго Херинг

Паул Рудолф Хенинг

Зименсштат

Интернет-врски

[уреди | уреди извор]