Панков
Панков
Pankow | |
округ во Берлин | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Берлин |
Округ | Панков |
Град | Берлин |
Округ единици | 13 населби |
Градоначалник | Матијас Кене (СДП) |
Основни податоци | |
Површина | 103,07 км2 |
Население | 384.367 (31 декември 2014) |
- Густина | 3.729 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | B |
Портал | Матична страница |
Местоположба на Панков во Берлин | |
![]() | |
Координати | 52°34′N 13°24′E / 52.567° СГШ; 13.400° ИГДКоординати: 52°34′N 13°24′E / 52.567° СГШ; 13.400° ИГД |
Панков (германски: Pankow) — најнаселениот округ во Берлин и втор по површина. Со административната реформа во 2001 г. споен е со поранешните окрузи Пренцлауер Берг и Вајсензе, задржувајќи си го името. Населението брои 384.367 жители (31 декември 2014).[1]
Преглед[уреди | уреди извор]
Името на округот има словенско потекло и е наречен по месноста Панков и реката Панке, која тече низ североисточниот дел, вклучувајќи ја централната населба Пренцлауер Берг. Округот се граничи со Мите и Рајникендорф на запад, Фридрихсхајн-Кројцберг на југ и Лихтенберг исток. Има најмногу жители од сите окрузи во Берлин и го зазема второто место по површина (по Трептов-Кепеник).
Од 1945 до 1960 г. Панков бил живеалиште на многу функционери на Источна Германија. Најпознати места на комунистичката номенклатура се Шенхаузенскиот дворец и околната улица Мајаковскиринг во населбата Нидершенхаузен. Поради ова, западните писатели го користеле поимот Панков како метоним за источногерманскиот режим.
Населбата Пренцлауер Берг во Панков е дом на Рикештрасенската синагога — најголемата синагога во Германија. Во Вајсензе се сместени едни од најголемите еврејски гробишта во Европа. Во Пренцлауер Берг се наоѓа познатото маало „Карл Легин“, кое претставува дел од модернистичките населби заштитени како светско наследство на УНЕСКО. Вајсензе е најголемата водна површина во округот.
Поделба[уреди | уреди извор]

Панков е поделен на 13 населби:
Сообраќајни врски[уреди | уреди извор]
Панков го опслужуваат станиците „Финеташтрасе“ и „Панков“ на линијата У2 од Берлинското метро (У-бан), како и станиците „Берлин-Панков“, „Панков-Хајнерсдорф“ и „Воланкштрасе“ на надземната Берлинска градска железница (С-бан). Округот е поврзан со стариот центар на Берлин и со трамвајската линија М1.
Низ Панков, напоредно на ул. „Миленштрасе“ и „Шенхолцер Штрасе“ минува и автопатот 96а за Ораниенбург. До округот се стигнува и преку автопатот 114 од големата обиколница на градот, скршнувајќи на раскрсницата „Пранцлауер Променаде“.
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Градскиот дом во Панков
-
Рикештрасенската синагога
Збратимени градови[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Регистрирани жители на покраината Берлин на 31 декември 2014 г.“ (PDF). Статистичка служба на Берлин-Бранденбург. Посетено на 20 февруари 2016. (германски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Панков на Ризницата ?
- Портал на округот Панков (германски)
|
|