Прејди на содржината

Нарушување на авторски права

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нарушување на авторското право — неовластено или забрането користење на дела кои се заштитени со авторски права, кршење на екслузивните права на сопствениците на авторските права, како што е правото да се репродуцира или извршува авторското дело или да се направи прилагодено дело.

Пиратерија

[уреди | уреди извор]

Дефинирањето на кршење на ексклузивните права кај креативни дела како “пиратерија” му претходи на законот за авторски права. Пред Статутот на Ана 1709, Stationers компанија во Лондон во 1557 година добила Кралска повелба со која компанијата имала монопол за објавување. Оние кои ја прекршиле повелбата биле етикетирани како пирати уште во 1603[1]. По формирањето на законот за авторски права во 1709 со Статутот на Ана во Велика Британија, терминот "пиратството" се користел за неовластено производство и продажба на дела со авторски права.[2] Член 12 од 1886 од Бернската конвенција за заштита на книжевни и уметнички дела го користи терминот "пиратството" во врска со кршење на авторските права, во кој се наведува дека "пиратските дела можат да бидат запленети при увоз во оние земји на Унијата каде што оригиналната изработка (производство или издавање) има законска заштита."[3] Член 61 од 1994 Договорот за трговските аспекти на правата од интелектуална сопственост бара кривични постапки и казни во случај на "намерно фалсификување или пиратерија на комерцијални дела."[4] Пиратерија традиционално се однесува на актите извршени намерно за финансиска добивка, иако во последно време, сопствениците на авторските права го дефинираат и онлајн споделувањето на разни дела како "пиратство".[2]

Сопствениците на авторски права често го сметаат кршењето на авторските права како "кражба". Во законот за авторски права, кршење на правата не се смета како вистинска кражба, туку се смета како посебен случај кога некоја личност ги крши некои од ексклузивните права на оној кој ги поседува авторските права без да му биде дозволено.[5] Судот прави разлика помеѓу кршење на авторските права и кражба, па така Врховниот суд на САД во случајот Dowling против САД (1985) изјави дека шверцувани снимки не се сметаат за украдена сопственост и дека "мешање на авторските права не може толку едноставно да се одликува како кражба, незаконска дејност или измама. Актот за авторски права дури воведува и посебен термин кога станува збор за уметност за да ги дефинира оние кои несоодветно се однесуваат кон авторските права... прекршувачи на авторски права. Во случај на кршење на авторски права на сопственикот на авторските права се гарантира дека истиот ќе биде заштитен во случаите кога е нарушен законот за авторски права, т.е. ексклузивни права, освен кога никаква промена, физичка или слично, не е направена од аспект на авторските права, ниту сопственикот на авторските права не е лишен целосно од користење на делото на кое има авторски права или користење на ексклузивните права кои ги има.[6]

Извршување одговорност

[уреди | уреди извор]

Примената на авторските права е одговорност на носителот на авторското право.[7] Член 50 од Договорот за трговските аспекти на правата од интелектуална сопственост бара од земјите кои го потпишале договорот за овозможат судовите да го спречат кршењето на авторските права со забрани и со уништување на таквите производи.[4] Сопствениците на авторските права започнале да бараат преку трговскиот договор против фалсификување дека државата треба да ги заштити правата на сопствениците на авторски права и да го спроведе законот за авторски права преку построги казни за оние кои ги кршат авторските права.[8]. Исто така се бара државите да овозможат криминални санкции за сите типови на нарушувања на авторските права и истите да се извршуваат преку административни процедури.[7]

Кривична одговорност

[уреди | уреди извор]

Член 61 од Договорот за трговските аспекти на правата од интелектуална сопственост бара од земјите кои го потпишале да воспостават казнени процедури и казни за случаите кога има "намерно фалсификување на заштитни знаци или кршење на авторски права со пиратерија со што се влијае на комерцијалната употреба".[4] Сопствениците на авторски права бараат од државите да овозможат казнени санкции за сите типови на нарушување на авторски права.[7]

"Во Индија под Законот за авторски права од 1957 година дел 63 се гарантира дека "Секое лице кое свесно нарушува или помага при нарушување на авторските права на некое дело ќе се казни со затвор што може да биде во траење до една година, со парична казна или двете."

Одговорност на онлајн посредници

[уреди | уреди извор]

Дали интернет посредници имаат одговорност за кршење на авторските права од страна на корисниците или е без одобрение на посредници, е предмет на дебата и судски случаи во голем број на земји.[9] Одговорност на онлајн посредници е едно од најраните правни прашања околу интернетот. На почетокот судските случаи се фокусирале на одговорност на семрежни услужници за вдомување, емитување или објавување на содржини што може да се сметаат за цивилно или кривично право, клевета или порнографија.[10] Како што различни содржини се разгледувале во различни правни системи и во отсуство на заеднички дефиниции за "семрежните услужници", "огласни табли" или "онлајн издавачи," почетокот на законот за одговорност на онлајн посредници " е широко различен од земја до земја. Првите закони за одговорност на онлајн посредниците " биле донесени во средината на 1990-тите години, па со тоа, и дебатата се поширила кон прашања во врска со тоа дали интернет посредниците се одговорни за различните содржини, како што се клевети или содржини кои ги нарушуваат авторските права, кон дебата за тоа дали треба онлајн посредници генерално да се направат одговорени за содржините кои се достапни преку нивните услуги или инфраструктура.[11]

Интернет посредниците биле сметани примарно како семрежни услужници, сепак интернет посредниците сега, исто така, се подразбира дека се и интернет портали, услужници на игри, оние кои обезбедуваат виртуелни информации како што се интерактивни форуми и можност за коментари со или без системи за модерација, агрегатори, универзитети, библиотеки и архиви, пребарувачи, виртуелни простории за разговор, веб блогови и секое мрежно место што нуди пристап до содржините на трета страна преку хипервски. Прашања за одговорност се појавиле во врска со посредници за интернет комуникација, освен семрежните услужници, вклучувајќи ги и кабелските компании и компаниите за мобилни комуникациски услуги.[12]

САД Digital Millennium Copyright Act (1998) и Европската Директива за Е-трговија (2000) ги обезбедила онлајн посредниците со безбедносни одредби, познати само како канален принцип во Директивата. Онлајн посредниците кои имаат содржина која ги нарушува авторските права не се одговорни, сè додека тие не знаат за тоа, и преземаат активности за отстранување на таквите содржини веднаш откако бидат запознаени. Сепак, прашања се појавиле и во однос на онлајн посредници кои не се домаќини, особено во контекст на авторски права преку peer-to-peer споделување на податотеки. Таквите посредници може да се смета дека овозможуваат или помагаат во симнување и качување на податотеки од страна на корисниците. Овие посредници не се домаќини и не пренесуваат податотеки кои ги прекршуваат авторските права, иако тие може да се сметаат дека "укажуваат на" податотеки. Од крајот на 1990-тите носителите на авторски права преземаат правни дејства против голем број на peer-to-peer посредници, како што се Napster, Grokster, eMule, SoulSeek и BitTorrent и судската пракса за одговорност на семрежните услужници во врска со кршење на авторските права се појавила пред сè во однос на овие случаи.[13]

Земјите каде споделување на податотеки без добивка е правно

[уреди | уреди извор]

Преземање копирана музика е легално во некои земји во контекст на авторските права, како што е Канада,[14]Холандија[15] Шпанија,[16] и Панама, под услов песните да не се продаваат. Во Канада е легално да симнете податотека со авторско право сè додека не е за комерцијална употреба, но нелегално е неовластено да се дистрибуира, како и да се постави на P2P мрежа.[17]

Рускиот закон

[уреди | уреди извор]

Симнување на музика и филмови за домашна употреба е легално со исклучокот предвиден со делот 1273 на Граѓанскиот законик на Руската Федерација. Посебен 1% обесштетување на цената е наменет за сопствениците на авторските права и се собираат од цената на одредени стоки (како компјутери или чисти CD-RW дискови). Механизмот за надоместок не е јасен и е оставен целосно во рацете на агенцијата за собирање која е формирана на чело со Никита Михалков, истакнат филмски режисер и политичка фигура.

  1. University of Oregon
  2. 2,0 2,1 Panethiere, Darrell (July – September 2005). „The Persistence of Piracy: The Consequences for Creativity, for Culture, and for Sustainable Development“ (PDF). UNESO e-Copyright Bulletin. стр. 2. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Panethiere, Darrell (July – September 2005). „The Persistence of Piracy: The Consequences for Creativity, for Culture, and for Sustainable Development“ (PDF). UNESO e-Copyright Bulletin. стр. 14. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  4. 4,0 4,1 4,2 Correa, Carlos Maria; Li, Xuan (2009). Intellectual property enforcement: international perspectives. Edward Elgar Publishing. стр. 208. ISBN 9781848446632.
  5. Clough, Jonathan (2010). Principles of Cybercrime. Cambridge University Press. стр. 221. ISBN 9780521728126.
  6. Dowling v. United States (1985), 473 U.S. 207, pp. 217–218.
  7. 7,0 7,1 7,2 Correa, Carlos Maria; Li, Xuan (2009). Intellectual property enforcement: international perspectives. Edward Elgar Publishing. стр. 211. ISBN 9781848446632.
  8. „The Anti-Counterfeiting Trade Agreement – Summary of Key Elements Under Discussion“ (pdf). transparency paper. Swiss federation of Intellectual Property. Status November 2009. Посетено на 8 June 2010. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. Edwards, Lilian; Waelde, Charlotte (2005). „Online Intermediaries and Liability for Copyright Infringement“ (pdf). Keynote paper at WIPO Workshop on Online Intermediaries and Liability for Copyright, Geneva. World Intellectual Property Organisation (WIPO). стр. 2. Посетено на September 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. Edwards, Lilian; Waelde, Charlotte (2005). „Online Intermediaries and Liability for Copyright Infringement“ (pdf). Keynote paper at WIPO Workshop on Online Intermediaries and Liability for Copyright, Geneva. World Intellectual Property Organisation (WIPO). стр. 4. Посетено на September 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  11. Edwards, Lilian; Waelde, Charlotte (2005). „Online Intermediaries and Liability for Copyright Infringement“ (pdf). Keynote paper at WIPO Workshop on Online Intermediaries and Liability for Copyright, Geneva. World Intellectual Property Organisation (WIPO). стр. 5. Посетено на September 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  12. Edwards, Lilian; Waelde, Charlotte (2005). „Online Intermediaries and Liability for Copyright Infringement“ (pdf). Keynote paper at WIPO Workshop on Online Intermediaries and Liability for Copyright, Geneva. World Intellectual Property Organisation (WIPO). стр. 5–6. Посетено на September 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  13. Edwards, Lilian; Waelde, Charlotte (2005). „Online Intermediaries and Liability for Copyright Infringement“ (pdf). Keynote paper at WIPO Workshop on Online Intermediaries and Liability for Copyright, Geneva. World Intellectual Property Organisation (WIPO). стр. 7. Посетено на September 2010. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  14. „Your Interview: Michael Geist“. Canadian Broadcasting Corporation. 2008-04-07. Архивирано од изворникот 2008-04-12. Посетено на 2012-01-09.
  15. „In depth: Downloading music“. Canadian Broadcasting Corporation. 2006-05-01. Архивирано од изворникот 2003-12-17. Посетено на 2012-01-09.
  16. „La red P2P es legal“ (pdf). Посетено на May 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  17. „Canada deems P2P downloading legal“. CNET News. 2003-12-12. Архивирано од изворникот 2013-01-02. Посетено на 2012-12-27.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]