Прејди на содржината

Трговски договор против фалсификување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Протести против АКТА во Европа на 11 февруари 2012

Трговски договор против фалсификување (англиски: Anti-Counterfeiting Trade Agreement или ACTA), во понатамошниот текст АКТА — меѓународен договор кој има за цел воспоставување на меѓународни стандарди за заштита на интелектуалната сопственост, потпишан на 1 октомври 2011 помеѓу САД, Јапонија, Канада, Мароко, Нов Зеланд, Сингапур и Јужна Кореја[1] а во почетокот на 2012 година се придружува и Европската Унија[2] и Мексико.

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Почетоците на преговорите околу развојот на Законот датира од 2006 година кога САД со своите најблиски соработници, започнува тајни преговори. Во почетната фаза учествуваат САД, Јапонија, Европската Унија и Швајцарија а во 2008 година се приклучуваат Австралија, Јужна Кореја, Мароко, Мексико, Нов Зеланд и Сингапур. Сами разговори се одржаа во најстрога тајност, а фактот дека воопшто се одржале го откри Викиликс во 2008 година. По таквото излегување во јавност на тајните преговори а под притисок на разни организации и поединци побарано е владите да ги предадат податоците за танвите преговори и за тоа за што се преговара, а добиените одговори беа: ·Европската Унија ги прогласила преговорите како државна тајна со објаснување дека информацијата би ја ослабнала преговарачката позиција на ЕУ и би ги расипала политичките односи со државите партнери. ·Канада го предала името на документот за кој се преговара а сето останато било државна тајна ·Нов Зеланд исто така ги прогласил преговорите како државна тајна со ветување дека како држава преговарач ќе се обиде да добие дозвола за објавување на податоците ·САД одбија да ги објават податоците за АКТА преговорите со објаснување дека ќе и нанесат штета на државната безбедност, а поради истата причина по одлука на претседателот овој интернационален договор нема никогаш да биде предаден на американскиот Конгрес за гласање.

Поддршка

[уреди | уреди извор]

АКТА договорот добил поддршка од голем број корпорации кои се занимаваат со производство на филмови, серии, музика, како и од корпорации кои се занимаваат со производство на лекови. Во документот кој пристигнал во јанвоста „Motion Picture Association of America“ т.е. здружение на шест најголеми филмски студија во 2010 година, да го поддржат договорот поради тоа што тој дозволува: ·Освен блокирање на пиратеријата на интернет, гасење/блокирање на мрежните места кои прават проблем на Вашата влада како што е на пример Викиликс. Корпорациите кои произведуваат лекови исто така дадоа полна поддршка на овие договори затоа што АКТА дава приоритет на заштита на авторските права пред сите останати или во овој случај пред генеричките лекови кои можат да се произведуваат откако ќе истечат авторските права што доведува од 50-90 % на снижување на цените на лековите на што оригиналните производители жестоко се спротивставуваат. По правилата на АКТА оригиналниот производител може во некои случаи да ја заплени и уништи пратката на генеричките лекови иако се тие произведени по сите правила.

Спроведување на договорот и казнивост

[уреди | уреди извор]

По АКТА договорот, семрежните услужници ќе мораат да ги собираат податоците за своите корисници и за она што тие го симнуваат од интернет за да може против нив да се покренат законски казниви акции, што по мислење на критичарите се коси со приватноста на корисниците. Истрагата на осомничениот корисник во случај да се докаже дека е виновен, би платил во Канада максимална казна од 500 долари. Исто така против законско би било и користењето на каков било програм за маскирање на сопствената IP-адреса. Друго важно правило на АКТА е дека полицијата ќе има законско право на граница да ги проверува податоците на сопствениците на мобилни телефони или компјутери заради проверка на кршење на АКТА правилата.

Протести и критики против актот

[уреди | уреди извор]

На 3 февруари, по масовните протести во Полска , премиерот Доналд Туск изјави дека ќе ги замрзне плановите за ратификување на контроверзен чекор меѓународно трговски договор. Анкета спроведена на 27 јануари Millward Brown SMG / KRC покажува дека 64% од Полјаците се против потпишувањето на решението, според 60% договорот не може да се постигне главната цел, а 50% сметаат дека тој ограничува граѓанските слободи. Десетици илјади демонстранти излегоа на улиците тој ден. На 17 февруари Туск најави дека земјата и конечно се откажува од ACTA и ги повикува водачите на Европската народна партија во Европскиот парламент да ја отфрлат ACTA. Во писмото до нив тој нагласува дека "ACTA е обид да се почитуваат авторските права, но ова искуство ќе има превисока цена за слободата, кое не е во склад со 21век". На 6 февруари чешкиот премиер Петар Нечас привремено ja запира ратификацијата на ovoj контроверзен договор. Во понеделникот, хакери украдоа податоци за 27 000 членови на владејачката Граѓанска демократска партија , во протест против договорот. Детален список, со телефони и приватни адреси на високи политичари е распространет меѓу редакцијата на медиумите . На 7 февруари словачкиот министер за економија Юрай Мишков и објавува дека неговата земја е прекинато подготвителните работи на усвојување на договорот . Словачка не го потпиша ACTA во јануари, но подготвуваше усвојувањето на договорот. Германија и официјално се очекува да го потпише договорот по дискусиите со политичарите и јавните личности. Новата политичка Пиратската партија во земјата се закани дека ќе изведе приврзаниците на улица, ако Владата се приклучи на договорот. Во пресрет на протестите во цела Европа Германија објави дека се откажува од договорот. Фрапирачка е изјавата на премиерот на Романија во оставка Емил Боц , кој изјави дека нема поим зошто Романија потпиша договор трговското ACTA. Изјавата е направена во пресрет на неговата оставка "како одговор на растечкиот притисок на граѓанското општество и многуте прашања зошто антипиратскиот договор не бил подложен на јавна дебата пред да биде потпишан од името на избирачите " . Во САД повеќе од 35 000 луѓе потпишаа петиција за запирање на ACTA, иако договорот веќе е усвоен од Владата.

  1. Jason Walsh (11 February 2012). „Europe's Internet revolt: Protesters see threats in antipiracy treaty“. The Christian Science Monitor. Посетено на 9 April 2012.
  2. Olivia Solon (26 January 2012). „The EU signs up to Acta, but French MEP quits in protest“. Wired UK. Архивирано од изворникот на 11 April 2012. Посетено на 9 April 2012.