Нарињо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Нарињо
Departamento del Nariño
департман
Знаме на Нарињо
Знаме
Грб на Нарињо
Грб
Гесло: Desde el mar hasta el Galeras
„Од морето до Галерас“
Химна: Химна
Нарињо (со црвено)
Нарињо (со црвено)
Земја Колумбија
Прир. областТихоокеанска/Андска
Основан6 август 1904
Главен градПасто
Управа
 • УправникКамило Ромеро (2016-2019)
Површина
 • Вкупна33.268 км2 (12,845 ми2)
Население (2013)[1]
 • Вкупно1.701.840
 • Густина5.1×10−5/км2 (0.00.013/ми2)
Часовен појасUTC-05
ISO 3166CO-NAR
Покраини3
Општини62
ИЧР (2017)0,703[2]
висок
Мреж. местоМатична страница

Нарињо (шпански: Nariño) — департман во западна Колумбија. Се граничи со Еквадор и излегува на Тихиот Океан. Главен град е Пасто.

Се одликува со разновидна географија и клима, во зависност од надморската висина: топла во ниските предели крај океанот, но студена во планинските краишта, каде претежно живее населението. Оваа ситуација се повторува во правецот север-југ. Други поважни градови се Тумако и Ипијалес.

Историја[уреди | уреди извор]

Во претколумбовско време оваа територија ја населувале бројни индијански племиња, меѓу кои Киљасингите, Ава, Пасто и Тума. Прв европски конквистадор на подрачјето бил Андагоја Пасквал, кој дошол во 1522 г. од тихоокеанскиот брег. Водејќи се според сознанија добиени од Франциско Пизаро, Пасквал приредил експедиција која довела до освојувањето на Перу.

Планинските краишта на департманот први ги истражиле Хуан де Ампудија и Педро де Ањаско во 1535 г. по нарачка на Себастијан де Белалкасар. Следната година, Белалкасар самиот направил обиколка низ овие предели и стасал до Попајан, каде престојувал извесно време пред да тргне за Шпанија.

Департманот е наречен по националниот деец Антонио Нарињо (1765-1824), идеолошки претходник на борбата за независност на Колумбија.

Општини[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Лас Лахас — познато христијанско светилиште во департманот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „DANE“. Архивирано од изворникот на 13 ноември 2009. конс. 13 февруари 2013. 
  2. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org. конс. 13 септември 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]