Назар


Назар (тур. nazar boncuğu или gökçe munçuk) име за амајлија во форма на око, која има за цел да заштитува од уроклив поглед. Потекнува од Турција, а целосното име значи: назар (урокливо око) и банџугу (амајлија).
Се среќава во Турција, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Кипар, Сирија, Либан, Израел, Египет, Ерменија, Иран, Авганистан, Пакистан, Ирак, Алжир, Мароко, Тунис и други[1].
Име му е изведено од арапскиот збор nazara (арап. نظر), што значи поглед. Покрај потковиците, лукот, волчјите заби, животинскиот рог, оловото и камењата, кристалното сино око е еден од заштитните симболи во Тенгриз, античката религија на турските народи. Најчесто е поставено да виси во домовите, канцелариите, автомобилите или се поставува во накит и украсите. Типичниот Назар е изработен од рачно изработено стакло. Цртежите се во темна сина, бела, светлосина и црна боја, со што се создаваат концентрични кругови или вид на солзи во форма на елипсоидни форми. Понекогаш темносивата боја се заменува со златна[2].
Овој симбол се користи и на друго место, во вид на лого, како што е на пример турската приватна авиокомпанија Флај ер . Исто така, тој е симбол на Крајегин, основачот на производителот на игри Крајтек, основана од тројца браќа со турско потекло. Назаритскиот еквивалент кај семитските народи е хамса, додека кај христијанските е крстот[3].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ nazar
- ↑ amulet blue
- ↑ „Nazar“. Архивирано од изворникот на 2019-07-21. Посетено на 2020-04-04.