Надвлекувач

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Надвлекувачи во разни бои

Надвлекувач – посебен вид на фломастер кој се користи за да го привлече вниманието на делови од текст со нивно обележување со живописни, проѕирни бои. Типичен надвлекувач е жолто-флуоресцентен, обоен со пиранин.

Историја[уреди | уреди извор]

Надвлекувачот е средство за пишување со филцен врв, наполнето со проѕирно флуоресцентно мастило. Првиот надвлекувач бил воведен во 1963 година од компанијата Картерс инк, со трговска марка Шарпи. Овој бренд сега го користи корпорацијата Евери Денисон откако ја презел Картерс инк во 1975 година. [1]

Стабило интернешенел почнал да произведува надвлекувачи во 1971 година и денес е европски лидер.[2]

Видови[уреди | уреди извор]

Пар надвлекувачи

Многу надвлекувачи се во светли, често флуоресцентни бои. Најчеста боја е жолта, но се произведуваат и во портокалова, црвена, розова, виолетова, сина и зелена боја. Некои жолти надвлекувачи изгледаат зеленикави со голо око. Се претпочита користење на жолта боја кога се прави фотокопија затоа што таа не прави сенка на копијата. Истовремената пак употреба на надвлекувачи со различни бои може да ги направи информациите поорганизирани и почитливи.

Надвлекувачите се достапни во повеќе облици, вклучувајќи ги и оние кај кои врвот се повлекува или оние кои имаат бришач на спротивниот крај. Друг вид на надвлекувачи се тривлекувачите, со облик на триаголник со надвлекувач во различна боја на секоја од страните.

„Сувите надвлекувачи“ имаат апликатор кој има тенка лента наместо филцен врв. За разлика од стандардните надвлекувачи, означеното од овие надвлекувачи лесно се брише.


Друга употреба[уреди | уреди извор]

Надвлекување со жолто на страница со фотокопиран текст

Некои софтвери за процесирање на текст можат да симулираат надвлекување со користење на техники слични на обратно видео (reverse video).


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hilary, Greenbaum. „WHO MADE THAT? The Hand-Held Highlighter“, „The New York Times Sunday Magazine“, 22 јануари 2012, стр. MM20 (посет. 26 јануари 2012 г).
  2. „Highlighters or Hi-liters? Learn About the History of Fluorescent Markers“. конс. 20 October 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]