Мртво смирен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мртво смирен (англиски: Dead Calm) – австралиски филм од 1989 година, во режија на Филип Нојс, а според сценариото на Тери Хејс. Главните улоги ги толкуваат Никол Кидман, Сем Нил и Били Зејн. Филмот е снимен според истоимениот роман на Чарлс Вилијамс (Charles Williams).[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Брачниот пар Џон (го игра Нил) и Рае (ја игра Кидман) пловат по Тихиот Океан за да се смират по смртта на нивниот син. По еден месец пловидба, тие здогледуваат еден оштетен брод, а единствениот прежиеван на бродот Хаги (го игра Зејн) им раскажува што се случило. Неговата приказна не му делува убедливо на Џон и тој оди на едреникот за да истражува, а таму здогледува ужасна глетка. Но, кога ќе се обиде да се врати на својата јахта, сфаќа дека таа, всушност, се оддалечува од него. Во меѓувреме, Хаги ја грабнал јахтата на којашто се наоѓа Рае.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]