Мошовце

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мошовце у Словачке

Мошовце (словачки: Mošovce) е населбa во Словачка, во регионот Туриец.

Историја[уреди | уреди извор]

Многу зачувани историски градби се доказ за 770 години од нивната егзистенција. Било спомнато за првпат делото за донација на Кралот Андрeјa II Оригинално, Мошовце било створено од две населби. Првата, Machyuch се наоѓала на местото кое се денес се вика Starý Rad и втората, Terra Moys, според која и селото го добило денешното име, го зафаќала просторот на денешно Vidrmoch. И втората населба чие име во превод значи Земјата на Мојш, не тера да веруваме дека целото село некогаш мѕ припаѓало на некој господин Мојш, чие име можеби било абревијација, од комплексното слованското име Мојтех, слично со имињата Војтех и Мојмир. Низ историјата, името на селото претрпело многу варијации од Mossovych, Mosocz, Mossowecz, villa regia Mayos alio nomine Mossovych, oppidioum Mayus sue Mosocz, Mosocz olim Mayus до денешното Mošovce (Мошовце).

Името на посебен дел од античко Мошовце, бившата населба Chornukov, (Хорнуков) останало зачувано во денешната форма Čerňakov (Черњаков).

Мошовце на почетокот се развивало како ројална населба со слободна адвокатура и од половината на 14 век како привилегиран град субјектиран на замокот во Блатница. Во 1527 паднал под власта на фамилијата Révay (Ревај) која ги уживала граскдите привилегии скоро 400 години.

Во минатото, Мошовце било значаен цехови центар на Туриецкиот регион. Цехи доживеале изненадувачка експанзија и биле околу 15 цехов активни во градот. Чизмарите биле единствените што најдолго презивеале. Денешно Мошовце може да се одликува како важен туристички регион со многу знаменитости.

Оригинална архитектура (куќа) - Мошовце

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Еден од најмаркантните споменици е Замок изграден во Рококо-Класичен стил, во втората половина на 18 век со екстензивен англиски парк. Во останатите знаменитости на градот се вклучени: “Родното место на Јан Колар“, Католичка Црква во Нео-Готски стил со скапоцен олтар, изградена на местото од нејзиниот „предок“, лутеранска црква изградена во 1784, mавзолеј и денешен музеј, Зелена Куќа Ар нуво и павилион од 1800 година.

Природа[уреди | уреди извор]

Околината на Мошовце е навистина уникатна. Комплекс меѓу историска авенија од дрва формира аестетичен и импресивен пејзаж кој служи како наставка на горското сценарио од планинита Голема Фатра. Овој планински масив припаѓа меѓу најатрактивните во Словачка. Творби создадени од Доломити и Калцит, како и прекрасната природа блиску Блатницката и Гадерската долина, привлекуваат луѓе од сите краишта на светот.

Култура и Традиции[уреди | уреди извор]

Мошовце створило многу значајни личности. Најголеми се Frico Kafenda (Фрицо Кафенда) (1883-1963), композитор, Anna Lacková-Zora (Ана Лацкова-Зора) (1899-1988), писател, Štefan Krčméry (Штефан Кремери) (1892-1955), литературен критичар, историчар и поет. Júr Tesák Mošovský, (Јур Тесак Мошовски), барокови драматик; и Miloslav Schmidt, (Мирослав Шмит) аматерски основач на противпожарни бригади во Словачка.

Како и да е, можеби најважната личност родена во Мошовце е големиот Словeнски поет, филозоф, лутерант и проповедник Јан Колар (1793-1852) кој во најголема мера влијаел врз литературата на две нации со неговата поетска композиција Slávy Dcera (Слави Ќерка). Неговата работа е земена како основа или мотив за привремените патриоти и национални активисти. Преведена е на многу Словански како и Не-Словански јазици.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Галерия[уреди | уреди извор]