Мост на револуцијата
Мост на револуцијата | |
---|---|
Координати | 41°59′42″N 21°26′26″E / 41.99500° СГШ; 21.44056° ИГД |
Носи | автомобили и пешаци |
Преминува | Вардар |
Место | Скопје, Македонија |
Официјален назив | Мост на револуцијата |
Други називи | Мост на љубовта |
Историја | |
Отворен | 1963 2011 (реконструиран)[1] |
Местоположба | |
Мост на револуцијата или Мост на љубовта — мост преку реката Вардар што ги поврзува булеварите „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“ во центарот на Скопје. Изграден е во 1963 година, а комплетно саниран и рекоструиран во 2011 година.[2]
Мостот е наречен и „Мост на љубовта“ поради обичајот на љубовните двојки да закачуваат катанци како симбол на нивната врска.[3]
Реконструкција
[уреди | уреди извор]На 9 декември 2010 година започнала реконструкцијата на мостот која траела со до мај 2011 година, каде што била извршена санација на оштетените бетонски делови на надворешната страна на мостот. Оштетените пешачки патеки од двете страни на мостот биле отстранети, подлогата биле санирана и покриена со печатен бетон. Во текот на градежните работи била извршена и заштита на инсталациите што минуваат преку мостот. Коловозната конструкција на мостот била целосно обновена и покриена со нов асфалт. Обновени биле и рабниците, како и сливниците за одведување на атмосферската вода. Новата ограда на мостот била изработена од стилско ковано железо. Во оградата се монтирани 22 украсни канделабри. Мостот дополнително го осветлуваат 10 столба од постоечкото улично осветлување. Контурите на мостот ги нагласува линиско осветлување од 114 светилки со светлечки диоди, а на лаковите се поставени 6 рефлектори.[2]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „После 48 години целосно реконструиран „Мостот на револуцијата"“. Курир. 16 мај 2011. Архивирано од изворникот на 2011-05-19. Посетено на 2011-06-03.
- ↑ 2,0 2,1 Бошковска, Елена (16 мај 2011 - 12:58). „Пуштен во употреба реконструираниот „Мост на Револуцијата"“. Сител. Посетено на 2011-06-03. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ Мостот на љубовта во Скопје Архивирано на 14 октомври 2013 г. — портал Sky