Монетарни инструменти на Европската централна банка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еврозона
The eurozone as of 2013
  Еврозоната во 2013             
  Земји кои не се членки на ЕУ, а го користат еврото
Валутаевро
Вид на сојузекономски и монетарен
Основана1 Јануари 1999
Членки
Управување
Политичка контролаЕврогрупа
Претседател на ЕврогрупатаJeroen Dijsselbloem
Емисиона банкаЕвропска централна банка
Претседател на ЕЦБMario Draghi
Поврзана соЕвропска унија
Статистика
Население (2012)332,839,084[1]
БДП (2012)€9.5 трилиони[2]
Каматна стапка0.5%
Инфлација1.6%[3]
Невработеност11.7%[4]
Трговски биланс€81.8 bn суфицит[5]

Монетарните инструменти на Европската централна банка претставуваат збир на финансиски мерки, инструменти и трансакции со кои Европската централна банка практично ја спроведува монетарната полтиика. На ист начин како и Системот на федералните резерви, Европскиот систем на централни банки (вообичаено наречен Европска централна банка) ја сигнализира насоката на монетарната политика преку поставување на таргетирана стапка на финансирање, што поставува таргет за каматната стапка преку ноќ. Како и стапката на федералните фондови, каматната стапка преку ноќ ја претставува каматната стапка на краткорочни меѓубанкарски заеми. Монетарните инструменти на Европската централна банка се слични со оние на Фед и вклучуваат: операции на отворен пазар, одобрување заеми на банките и задолжителна резерва.[6]

Операции на отворениот пазар[уреди | уреди извор]

Европската централна банка, како и Фед, ги користи операциите на отворен пазар како основен инструмент за спроведување на монетарна политика и за поставување на каматната стапка преку ноќ околу нивото на таргетираната стапка на финансирање. Основните операции за рефинансирање се доминантна форма на операциите на отворениот пазар и се слични на репо трансакциите што ги спроведува Фед. Тие вклучуваат обратни трансакции (купување или продажба на квалификувани средства врз основа на репо или кредитни операции со соодветно обезбедување), кои се спроведуваат на неделна основа, а кои се спроведуваат во обратната насока по две недели. Притоа, кредитните институции поднесуваат понуди и Европската централна банка одлучува кои понуди ќе ги прифати. Како и ФЕД, Европската централна банка ги прифаќа понудите со најповолна цена и купува, односно продава, до саканиот износ на обезбедени резерви. За разлика од Фед, што спроведува операции на отворен пазар на единствена локација во Банката на федерални резерви на Њујорк, Европската централна банка ги спроведува операциите на отворен пазар децентрализирано, така што тие се извршуваат од страна на поодделните национални централни банки.

Втора категорија на операциите на отворен пазар се долгорочните операции за рефинансирање, коишто претставуваат многу помал извор на ликвидни средства за банкарскиот систем систем во Еврозоната и се слични со дефинитивното купување или продажба на хартии од вредност од страна на Фед. Овие операции се спроведуваат на месечна основа и вообичаено вклучуваат купување или продажба на хартии од вредност со рок на достасување од 3 месеци. Тие не се користат за сигнализирање на насоката на монетарната политика, туку се насочени кон обезбедување на дополнително долгорочно финансирање на банките во Еврозоната.

Заеми на банките[уреди | уреди извор]

Како што е случајот со Фед, втор по значење монетарен инструмент на Европската централна банка претставува одобрувањето заеми на банкарските институции, што го спроведуваат националните централни банки, исто како што одобрувањето дисконтни заеми се врши од страна на пооделните банки на Федералните резерви. Одобрувањето заеми се врши преку расположливите кредити и е наречено маргинално кредитно олеснување. Банките можат да земат заем преку ноќ (врз основа на прифатлив колатерал) од националните централни банки по маргинална стапка за кредитирање, што е поставена на 100 базични бодови над таргетираната стапка за финансирање. Маргиналната стапка за кредитирање ја претставува горната граница за движењето на каматната стапка преку ноќ во Европскиот монетарен сојуз, на ист начин како што тоа го врши дисконтната стапка во Соединетите Американски Држави. Спротивно на американскиот систем, но слично со Канада, Австралија и Нов Зеланд, Евросистемот има и друго расположливо олеснување, расположливи депозити, на коишто се плаќа фиксна каматна стапка што е за 100 базични бодови под таргетираната стапка за финансирање. Каматната стапка на расположливите депозити ја претставува долнаа граница за пазарната каматна стапка преку ноќ, додека маргиналната стапка за кредитирање е горната граница. Ова создава канал/коридор, како и во Канада, Нов Зеланд и Австралија, но со многу поголем опсег од 100 базични бодови во двете насоки.

Задолжителна резерва[уреди | уреди извор]

Европската централна банка, како и ФЕД, наметнува задолжителна резерва, според која, сите депозитарни институции се обврзани да чуваат 2% од вкупниот износ на трансакциски депозити и од останатите краткорочни депозити на сметките кај централните банки. Сите субјекти што подлежат на задолжителна резерва имаат пристап до расположливите депозити и кредити на Европската централна банка и учествуваат во операциите на отворен пазар. За разлика од ФЕД, Европската централна банка плаќа камата на задолжителната резерва. Оттука, трошокот на банките што произлегува од задолжителната резерва е низок.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Total population as of 1 January“. Epp.eurostat.ec.europa.eu. 24 November 2011. Посетено на 8 December 2011.
  2. „Gross domestic product at market prices“. Epp.eurostat.ec.europa.eu. Посетено на 8 December 2011.
  3. HICP – all items – annual average inflation rate Eurostat
  4. Harmonised unemployment rate by gender, Eurostat
  5. Euroindicators 15 February 2013, Eurostat
  6. Фредерик С. Мишкин, Економија на парите, банкарството и финансиските пазари, 2010, стр. 388-389.