Мозочни нерви
Мозочни нерви |
---|
|
Мозочни нерви или на латински Nervi craniales. Од мозочното стебло тргнуваат дванаесет пара мозочни нерви. Тие покрај својот назив се означени и со римски броеви и тоа според редот на излегувањето одгоре надолу. Мозочните нерви се I мирисните нерви ; II видниот нерв ; III очнодвигателниот нерв ; IV трохлеарниот нерв ; V трогранковиот нерв ; VI очноодводниот нерв ; VII лицевиот нерв ; VIII тремнополшавестиот нерв ; IX јазичноголтниковиот нерв ; X нервот луталник ; XI помошниот нерв и XII подјазичниот нерв.
Мозочните нерви ја напуштаат черепната празнина преку одделни коскени отвори или канали. Од физиолошка гледна точка тие се делат на :
- сетилни (I, II, VIII)
- моторни (III, IV, VI, XI, XII)
- мешовити (V, VII, IX, X)
I Мирисни нерви (n. olfactori)
[уреди | уреди извор]Мирисните нерви се 15-20 снопчиња коишто тргнуваат од мирисната регија на носната лигавица влегувајќи во состав на сетилото за мирис.
II Видниот или оптичкиот нерв (n.opticus)
[уреди | уреди извор]Оптичкиот нерв исто така, е сетилен нерв којшто влегува во состав на сетилото за вид. Оптичкиот нерв се протега од задниот крај на очното јаболко до оптичката крстосница.
III Очнодвигателниот нерв (n.oculomotorius)
[уреди | уреди извор]Очнодвигателниот нерв претставува чисто моторен нерв кој излегува од средниот мозок, а доаѓа во орбитата каде што завршува инервирајќи ги повеќето од мускулите што го движат очното јаболко. Со своите парасимпатички влакна тој инервира и два мазни мускули. Тоа се цилијарниот мускул за акомодација (m. ciliaris) и стеснувачот на зеницата (m. sphincter pupillae).
IV Трохлеарниот нерв (n.trochlearis)
[уреди | уреди извор]Трохлеарниот нерв претставува, исто така, чисто моторен нерв, а инервира еден мускул на очното јаболко што го движи надолу.
V Трогранковиот нерв (n.trigeminus)
[уреди | уреди извор]Трогранковиот нерв претсавува мешовит нерв, чувствителен и моторен. Излегува од бочната страна на мозочниот мост. На чувствителниот дел е придодаден голем полумесечест Gasser-ов ганглион (ganglion trigeminale). Од надворешниот дел на ганглионот се издвојуваат трите гранки на n.trigeminus, а тоа се :
- Офталмичниот нерв (n.ophtalmicus)- 1
- Максиларниот нерв (n.mahillaris)- 2
- Мандибуларниот нерв (n.mandibularis)- 3
1 - Офталмичниот нерв е чисто чувствителна гранка и служи за инервација на кожата од челото и горниот очен капак, а, исто така, го инервира и очното јаболко. 2- Максиларниот нерв, исто така, е чисто чувствителна гранка и ја инервира кожата и лигавицата во пределот на максилата, образот и долниот очен капак, потоа горниот забен лак, лигавицата и непцето и носната празнина. 3- Мандибуларниот нерв е мешовита моторно-чувствителна гранка. Со моторните влакна тој ги инервира мускулите за џвакање, а со чувствителните влакна тој ја инервира кожата и лигавицата на образот, лигавицата на јазикот, долниот забен лак, кожата во пределот од брадата и надворешниот ушен канал.
VI Очниот одводен нерв (n.abducens)
[уреди | уреди извор]Очниот одводен нерв претсавува моторен нерв кој излегува од мозочниот мост и доаѓа во орбитата. Тука тој го инервира латералниот прав мускул на очното јаболко.
VII Лицевиот нерв (n.facialis)
[уреди | уреди извор]Лицевиот нерв е мешовит нерв кој излегува од мозочниот мост, поминува преку пирамидата од слепоочната коска и тоа преку сопствен коскен канал. Напуштајќи ја пирамидата доаѓа во пределот од партоидната жлезда и со своите завршни гранки се распрснува по лицето и вратот. Фацијалниот нерв содржи моторни, чувствителни и секреторни влакна. Со моторните влакна тој ги инервира мимичните мускули на лицето и вратот. Чувствителните влакна пренесуваат импулси од рецепторите за вкус на јазикот, а секреторните (парасимпатички) влакана ги инервираат подјазичната, подвиличната, и солзната жлезда.
VIII Тремнополжавест нерв (n.vestibulocochlearis)
[уреди | уреди извор]Тремнополжавест нерв или осмиот нерв (n.octavus) излегува од мозочниот мост и продолжениот мозок. Тој е сетилен нерв за сетилата на слух и рамнотежа. Осмиот нерв е составен од слушен дел (pars cochlearis), кој го пренесува осетот за слух и дел за рамнотежа (pars vestibularis), кој го пренесува осетот за рамнотежа.
IX Јазичноголтниковиот нерв (n.glossopharyngeus)
[уреди | уреди извор]Јазичноголтниковиот нерв претставува мешовит нерв кој излегува од продолжениот мозок. Тој е составен од моторни, сензитвни и парасимпатички (секреторни) влакна. Со моторните влакана јазичноголтниковот нерв ги инервира мускулите на голтникот и мекото непце. Чувствителните влакна се наменети за непцевиот крајник, потоа за лигавицата и одделни папили на јазикот. Секреторните влакна ја инервираат паротидната плункова жлезда.
X Нервот луталник (n.vagus)
[уреди | уреди извор]Нервот луталник претставува мешовит нерв кој излегува од продолжениот мозок. Се протега од черепот преку вратот и градната празнина доаѓа до обдоменот каде завршува. Во неговиот состав влегуваат моторни, чувствителни и парасимтапички влакна. Со моторните влакна тој ги инервира мускулите од голтникот, гркланот и мекото непце. За истите органи вагусот дава чувствителни влакна. Со прасимпатичките влакна тој ги инервира органите на градниот кош и абдоменот.
XI Помошниот нерв (n.accessorius)
[уреди | уреди извор]Помошниот нерв претставува моторен нерв кој излегува од продолжениот мозок и доаѓа во вратот каде што ги иневира трапезниот и стерноклеидомастоидниот мускул.
XII Подјазичниот нерв (n.hypoglossus)
[уреди | уреди извор]Подјазичниот нерв претставува моторен нерв кој излегува од продолжениот мозок. Потоа доаѓа до јазикот и ги инервира сите негови мускули.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|