Младен Тонев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Младен Тонев
Роден 14 април, 1923 година
Куново, Кратовско, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 14 април, 1945 година
Врпоље, Хрватска
Националност Македонец

Младен Ристов Тонев (14 април 1923 во Куново (Кратовско)14 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Уште од мал останал без родители и со помош на постарите браќа израснал во вредно и бистро момче. Како необразован го следел односот на окупаторот, посебно кога бил мобилизиран во окупаторската бугарска војска. Ги почувствувал тешкотиите на ропскиот живот и станал симпатизер на НОВ. Во почетокот на септември 1944 година стапил во Месната команда во Кратово, а подоцна и во составот на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада, учествувал во многу борби во кои се истакнал со својата храброст и умешност. Во битките на Сремскиот фронт загинал неговиот командир, па самиот тој застанал на чело на единицата и како командир неколку дена успешно ја водел четата од борба во борба. На неговиот роденден 14 април 1945 година, загинал на теренот помеѓу Врпоље и Ѓаково.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 59–60.