Мичо Поповски
| Мичо Поповски | ||
| Роден | 5 мај 1947
Горничево, Кралство Грција | |
|---|---|---|
| Починал | 26 април 2017 (возр. 69) Скопје, Македонија | |
| Народност | Македонец | |
| Занимање | кајакар | |
Мичо Поповски (Горничево, Леринско, 5 мај 1947 — Скопје, 26 април 2017 ) — македонски спортист, доајен на македонскиот кајак на диви води. Тој бил поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет.
Животопис
[уреди | уреди извор]Поповски е роден роден на 5 мај 1947 година во селото Горничево, Леринско во Егејска Македонија. Дипломирал како инженер металург. Кариерата ја започнал во Рудници и Железарница, а ја завршил како раководител на сектор урбанизам во Град Скопје.
Активно бил вклучен во спортот и бил поранешен национален шампион во кајак на диви води во слалом и спуст, тренер, иницијатор и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет. Бил претседател на Сојузот на спортови на Град Скопје, Сојузот на спортски федерации на Македонија и прв Претседател на Кајакарската федерација на Македонија по осамостојувањето. Како селектор на Македонската репрезентација бил учесник на четири олимписки игри, Барселона, Атланта, Сиднеј и Атина. Бил добитник на наградата 13 Ноември на Град Скопје, а повеќепати и одликуван со награди и признанија од Светската Кајакарска федерација и Меѓународниот Олимписки Комитет. Бил и претседател на Кајак клубот Илинден 90 каде последните неколку години активно бил посветен на развојот на младинските категории. Починал во Скопје на 16 април 2017 година.[1]