Михајло Коцјубински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мхајло Михајлович Коцјубински
Михайло Михайлович Коцюбинський
M-kotsjubynskyj.jpg
Роден/асептември 17, 1864(1864-09-17)
Виница, Руска Империја (денес Украина)
Починат/ааприл 25, 1913(1913-04-25) (воз. 48 г.)
Киев, Руска Империја (денес Украина)
ПсевдонимЗахар Козуб
Занимањеписател
НационалностУкраинец
Сопруг/аВира Устимивна Коцјубинска
ДецаЈуриј, Оксана

Потпис

Михајло Михајлович Коцјубински (украински: Михайло Михайлович Коцюбинський), (17 септември 1864 – 25 април 1913) бил украински писател. Неговите дела го опишувале типичниот украински живот на почетокот на 20 век. Првите дела на Коцјубински биле опишани како пример за етнографски реализам, но неговиот стил на пишување станал сè пософистициран со текот на времето. Така, тој се развил во еден од најталентираните украински импресионисти и модернисти.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Тој пораснал во Виница, Бар и неколку други градови и села во Украина. Неговиот татко бил службеник и често патувале. Михајло учел во Шархородското релиско училиште од 1876 до 1880 година. Тој ги продолжил своите студии во Камјанецко-подилскилската теолошка семинарија, но во 1882 година тој бил избркан од училиштето поради неговите политички активности за време на социјалистичкото движење. Во меѓувреме, тој зел учество во укранското национално движење.

Смрт[уреди | уреди извор]

Поради неговите срцеви проблеми, Коцјубински поминал долг период во различни болници, поточно во периодот од 1909 до 1911 година. За време на истиот период, тој ја посетил Грција и Карпатите. Во 1911 година, тој се стекнал со пензијата. Тој се стекнал со пензијата во период кога имал кревко здравје и умрел две години подоцна.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Kotsiubynsky, Mykhailo“. Encyclopedia of Ukraine. конс. 2011-01-01. 

Поврзано[уреди | уреди извор]