Димитар Зафировски

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Митко Зафировски)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Димитар (Митко) Зафировски (Гевгелија, 27 август 1907 - Скопје, 4 јули 1973) бил македонски комунистички деец.

По Балканските војни живее во Бугарија како емигрант. Во 1932 станува член на БКП, а подоцна и член на Централниот комитет на БКП.

Соработува со списанието „Роден крај“ на Гевгелиското братство во Софија и соработува во списанието „Македонски вести“, каде што објавува под псевдонимот Д. Г. Заров.

Заедно со Антон Попов и Коста Веселинов го уредуваат весникот „Гоце“ во 1938 година.

Учесник во НОБ на Македонија. Учествува на Првото заседание на АСНОМ.

По ослободувањето во периодот 1951-1972 е директор на Народната библиотека во Скопје.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. НУБ „Св. Климент Охридски“, Историја