Мирка Федерер
Прекар | Мирка | |
Земја | Швајцарија | |
Место на живеење | Ботминген, Швајцарија | |
Дата на раѓање | 1 април 1978 | |
Место на раѓање | Бојнице, Чехословачка | |
Висина | 1.73 м | |
Тежина | 59 кг[1] | |
Професионалец | 15 јануари 1998 | |
Игра со | • десна рака • дворак бекхенд | |
Заработка | $260,832 | |
Синглови | ||
Резултат: | 202–159 | |
Титули во кариера: | 3 ИТФ | |
Највисок дострел: | 76 (10 септември 2001) | |
Резултати на Гренд Слемови | ||
Австралијан Опен | 2Р (2000, 2001) | |
Ролан Гарос | 1Р (1999, 2000, 2001) | |
Вимблдон | 1Р (2000, 2001) | |
УС Опен | 3Р (2001) | |
Двојки | ||
Резултат: | 38–68 | |
Титули во кариера: | 1 ИТФ | |
Највисок дострел: | 214 (24 август 1998) | |
Инфокутијата е последен пат надоградена на: |
Мирослава „Мирка‟ Федерер (родена како Мирослава Вавринец на 1 април 1978 година во Бојнице, Чехословачка, денешна Словачка) е поранешна тенисерка на ВТА (женска тениска организација) од Швајцарија која се повлекла од тенисот во 2002 година поради постојана повреда на стапалото. Таа е сопругата на Роџер Федерер со кого првпат се запознале во 2000 година на Олимписките игри во Сиднеј. По нејзиното повлекување, Мирка најчесто може да се види на натпреварите од АТП серијата, следејќи ги мечевите на Роџер.
Животопис
[уреди | уреди извор]Младост и тениска кариера
[уреди | уреди извор]Мирослава, родена во Бојнице (Словачка), се преселила во Швајцарија кога имала само две години. Нејзините родители моментно се сопственици на продавници за накит и живеат во Шафхаузен. Во 1987 година, татко ѝ ја однел да гледа натпревар во Филдерстад, Германија. Мирка се запознала со Мартина Навратилова според која Мирка била атлетски градена и би можела да проба да игра тенис. Подоцна, Навратилова ѝ испратила рекет и ѝ го закажала првиот тренинг.[2] Во 2002 година играла заедно со Роџер Федерер на Хопман купот.
Пред повлекувањето била рангирана на 76-тото место. По повлекувањето од тенисот, таа е менаџер за односи со јавноста на Федерер и патува со него по тениските турнири.[3]
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Мирка се омажила со Роџер Федерер на 11 април 2009 година.[4] На 24 јули, Роџер објавил на неговата Фејсбук страница дека Мирка родила близначки: Мајла Роуз и Шарлен Рива. Бебињата се родени на 23 јули 2009 година во Швајцарија. Првите фотографии од близначките на интернет беа поставени на неговата Фејсбук страница на 7 август 2009 година.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „WTA Profile: Miroslava Vavrinec“. WTA Tour, Inc. Архивирано од изворникот на 2020-09-26. Посетено на 29 January 2010.
- ↑ "Roger Federer: A smashing guy" Архивирано на 31 декември 2007 г., Brian Viner, The Independent, 2 July 2005
- ↑ „Martina set up mixed doubles“. The Times. London. 24 August 2003. Архивирано од изворникот на 2011-06-04. Посетено на 12 May 2010.
- ↑ Roger Federer, http://www.rogerfederer.com. „News Detail“. Roger Federer. Архивирано од изворникот на 2010-05-20. Посетено на 6 June 2010.
- ↑ „Federer twins on Facebook: Sport: Tennis“. Sport24.co.za. Посетено на 6 June 2010.[мртва врска]