Меѓународни мочуришта

Од Википедија — слободната енциклопедија

Меѓународни мочуришта — глобална организација која работи на одржување и обновување на мочуриштата и нивните ресурси за луѓето и биолошката разновидност . Тоа е независна, непрофитна, глобална организација, поддржана од владини и невладини организации од преку целиот свет.

Со седиште претежно во светот во развој, има 20 регионални, национални или проектни канцеларии на сите континенти и седиште во Еде, Холандија . Невладината организација работи во над 100 земји и во различни размери за да се справи со проблемите што ги засегаат мочуриштата. Со голема поддршка на десетици владини, невладини и корпоративни донатори и партнери, поддржува околу 80 проекти.[1]

Работата на Меѓународните Мочуришта се движи од истражувања и теренски проекти засновани на заедницата до застапување и ангажирање со владите, корпоративните и меѓународните политички форуми и конвенции. Меѓународни мочуришта работат преку партнерства и се поддржани од придонеси од широка специјализирана експертска мрежа и илјадници волонтери.

Историја[уреди | уреди извор]

Основана е во 1937 година како „Меѓународна истрага за диви птици“ и организацијата била фокусирана на заштита на водните птици. Подоцна, името стана Меѓународно биро за истражување на водни птици и мочуришта ( IWRB ). Опсегот стана поширок; Покрај водните птици, организацијата работеше исто и за заштита на водните подрачја.

Подоцна, организации со слични цели се појавија во Азија и Америка: „Азиското биро за мочуришта“ (AWB) (иницирано како „INTERWADER“ во 1983 година) и „Мочуришта за Америка“ (WA) (иницирано во 1989 година). Во 1991 година, трите организации започнаа многу тесно да соработуваат.

Во 1995 година, работниот однос многу се разви во глобалната организација Меѓународни мочуришта.[2]

Меѓународни мочуришта работат во многу тематски области ширум светот, вклучувајќи ги врските помеѓу тресетите и климатските промени, како и мочуриштата и миграцијата на водните птици, врз основа на опсежни истражувања, како и на теренски проекти.[3] Го координира Меѓународниот попис на водни птици, голем граѓански научен проект со повеќедецениски податоци.[4]

Клучни области на работа[уреди | уреди извор]

Во моментов,Меѓународни мочуришта имаат четири основни области на работа, кои се:

Тресети[уреди | уреди извор]

Работата на Меѓународни мочуришта за тресетите е најмногу фокусирана во Евроазија и југоисточна Азија. Тресетските шуми во Централен Калимантан се проучуваат и се работи особено за ублажување на климата.[5] Проектот Враќање на тресетите во Русија е заеднички напор со владата и Универзитетот Грајфесвалд и бил признат од UNFCCC со наградата Momentum for Change во 2017 година, за складирање до 200.000 тони CO2 е емисија на јаглерод секоја година со повторно навлажнување на тресетите и спречување пожари.[6]

Во сериозно деградираните тресетски површини во Централен Калимантан (Индонезија), одводните канали и сечата имаа катастрофални влијанија во обид за да ги претворат несоодветните тресетски мочуришта во оризови полиња . Со изградба на мали брани и блокови, било запрено одводнувањето на просторот,кое што спречи понатамошна оксидација на тресетската почва. Областа потоа била пошумена со домашни видови дрвја и противпожарни бригади на заедницата за да може се спречи огромниот проблем на островот со тресетските пожари.

Кинеските мочуришта Руергаи[уреди | уреди извор]

Претходната работа во Кина ги вклучи мочуриштата[7] а новата работа најмногу се однесува на летот на птиците преселници Жолто Море /Бохаи.[8] Истекот од ледниците на Хималаите кон кинеската низина е регулиран и складиран во мочуриштата Руергаи. Канцеларијата на Меѓународни мочуришта China многу работеше на тоа овој тресет да биде прогласен за Рамсар, со што кинеската влада има обврска да ја заштити областа. Понатаму, поради работата со локалните кинески власти во мерењето на влијанието на различните опции за управување, рударството и одводнувањето на тресет сега веќе не се дозволени во Руергаи и во соседните окрузи.[9] Ова, исто така, води до подобрено снабдување со вода во Жолтата река и реката Јангце .

Турберас од Tierra del Fuego, Аргентина[уреди | уреди извор]

Во Tierra del Fuego, Аргентина, канцеларијата на Латинска Америка Меѓународни мочуришта градат свест за одржливо користење на тресетите од локално до национално ниво, што многу придонесе за нивната заштита.

Крајбрежни мочуришта[уреди | уреди извор]

Крајбрежните мочуришта како што се шумите со мангрови и коралните гребени многу го намалуваат влијанието на бурите. Мангровите дури можат да се справат со порастот на нивото на морето и да обезбедат заштита од ударите на брановите.

Сушни региони[уреди | уреди извор]

Во сушните региони како што е потсахарска Африка,често има помалку врнежи и подолги суши што го зголемуваат и онака огромното значење на мочуриштата Сахелија, а во исто време ја загрозуваат прекумерната експлоатација на овие области.

Меѓународни мочуришта работат во Мали на подобрување на егзистенцијата и снабдувањето со вода на заедниците во внатрешната делта на Нигер во променлива клима.

Биолошка разновидност и водни птици[уреди | уреди извор]

Меѓународни мочуришта работат на заштита и обновување на богатата биолошка разновидност на мочуриштата. Милиони водни птици зависат од мочуриштата, како мочуриштата, езерата и крајбрежните зони.[10] Меѓународни мочуришта координираат меѓународен попис на водни птици Архивирано на 9 март 2021 г. во повеќето земји во светот надвор од САД, каде што се приближува до Божиќниот број на птици што го води Здружението Одубон . Пописот се одржува во 143 земји, поделени во пет региони, посетени 15.000 локации во текот на 60 години.[11]

Промовирање на заштита на мочуриштата долж патеките на водните птици[уреди | уреди извор]

Меѓународни мочуришта промовираат воспоставување на еколошки мрежи на добро управувани, заштитени мочуришта, долж главните патеки на летот на водните птици преселници . Овие мочуришта обезбедуваат отскочни камења за водните птици преселници; клучно за нивниот опстанок. Меѓународни мочуришта ги поддржува меѓународните владини договори за создавање на овие мрежи.[12][13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Annual Review and Accounts 2017“. Wetlands International (англиски). Посетено на 2018-08-09.
  2. History of Wetlands International
  3. About Wetlands International Архивирано на 27 јуни 2014 г., Wetlands International
  4. „The value of counting birds for people and nature - Wetlands International“. Wetlands International (англиски). Посетено на 2018-08-09.
  5. „Climate mitigation and adaptation - Wetlands International“. Wetlands International (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-08-09. Посетено на 2018-08-09.
  6. „Restoring Peatlands in Russia“. unfccc.int. Посетено на 2021-09-23.
  7. „China commits to strengthen collaboration on wetlands - Wetlands International“. Wetlands International (англиски). Посетено на 2018-08-09.
  8. „The Yellow Sea, a site of global importance for migratory birds - Wetlands International“. Wetlands International (англиски). Посетено на 2018-08-09.
  9. Schumann, M; Thevs, Niels; Joosten, Hans (2008-01-01). „Extent and degradation of peatlands on the Ruoergai Plateau (Tibet, China) assessed by remote sensing“. Pristine Mire Landscape: 77–80.
  10. „BirdLife Data Zone“. datazone.birdlife.org. Посетено на 2018-08-09.
  11. „International Waterbird Census - Wetlands International“. Wetlands International (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-08-09. Посетено на 2018-08-09.
  12. „Wetlands International: From the Arctic to Africa | AEWA“. www.unep-aewa.org (англиски). Посетено на 2018-08-09.
  13. „Partnerships | CMS“. www.cms.int (англиски). Посетено на 2018-08-09.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]