Мечкина Дупка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мечкина Дупка
МестоОхрид, Македонија Македонија
Должина23 м
Надм. височина810 м

Мечкина Дупкапештера на планината Галичица која се наоѓа источно од градот Охрид, во негова непосредна близина, на надморска височина од 810 метри. Влезот во пештерата е сместен во североисточниот дел на една помала вртача длабока 1.5 м. Вртачата (5×3.5) изградена е на зарамнета површина од 800-820 метри, поради што пештерата, односно вртачата тешко се забележуваат. Должината на пештерата Мечкина Дупка изнесува 23 метри, додека нејзината должина заедно со горниот дел од пештерската сала и споредниот пештерски канал достигнува 33 метри. Има вкупна површина од 55.75 м2.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Манаковиќ Д., Андоновски Т., Колчаковски Д. (1993): Подземни карстни форми во Националниот парк “Галичица”. Годишен Зборник на ПМФ, Институт за Географија, бр. 31-32, стр.: 37-71, Скопје.