Оревче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Оревче
МестоПештани, Охридско

Оревче претставува пештера на планината Галичица. Таа е најмала пештера која е истражена покрај брегот на Охридското Езеро. Меѓутоа, по одредени свои специфичности, иако со мошне мали димензии, истата го свртува своето внимание. Се наоѓа на север од пештерата Говедарник, 10 метри над езерото. Пештерскиот влез кој е предиспониран кон североисток, има доста интересна форма. Во целина гледано, пештерата Оревче има речиси кружна форма (8×5 m), со површина од 39 m2. Оваа пештера има постар еволутивен стадиум во однос на другите пештери што се наоѓаат покрај Охридското Езеро. Присутни се и пештерски украси во пештерата. Овде се сретнуваат поединечни и споени сталактити, сливови, а има и сталагмити. Во крајниот југоисточен дел, како и во северозападниот, изградени се неколку травертински басенчиња.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Манаковиќ Д., Андоновски Т., Колчаковски Д. (1993): Подземни карстни форми во Националниот парк “Галичица”. Годишен Зборник на ПМФ, Институт за Географија, бр. 31-32, стр.: 37-71, Скопје.