Прејди на содржината

Механика на дишење

Од Википедија — слободната енциклопедија

Meханика на дишење (RESPIRATIO)

[уреди | уреди извор]

Вентилација на белите дробови е резултат на наизменично менување на две фази :

  • Фаза на вдишување (inspiratio)
  • Фаза на издишување (expiratio)
Шематски приказ на респираторниот систем на човекот.

Вдишување (inspiratio)

[уреди | уреди извор]

Во иснпираторната фаза, поради ширење на белите дробови, воздухот од надворешната средина влегува во респираторните органи. Белодробното ткиво е еластично ткиво. Тоа може под влијание на некоја сила да се шири и да се собира. Ширењето на белите дробови настанува поради спуштање на дијафрагмата и поради подигање на ребрата. При мирно дишење ребрата се подигаат, главно за сметка на контракцијата на помошните респираторни мускули. Оваа активност на главните респираторни мускули (дијафрагмата и надворешните меѓуребрени мускули) доведува до промени на градната празнина. Со контракција на дијафрагмата се зголемува надолжниот пречник на градната празнина, а со подигањето на ребрата се зголемува попречниот и антеропостериорниот пречник. Така при мирно дишење екскурзијата на дијафрагмата е мала и изнесува само 1-1.5 cm, додека при максимално вдишување дијафрагмата се спушта за 7-10 cm. Спуштањето на дијафрагмата за 1 cm го зголемува волуменот на градната празнина, а со тоа и на белите дробови за 250-300 cm³. Со контракцијата на дијафрагмата при мирно дишење се обезбедуваат 50-70% од вкупната количина на респираторниот волумен. Затоа, дијафрагмата претставува главен респираторен мускул.

Издишување (expiratio)

[уреди | уреди извор]
Видео на женски Американски алигатор додека дише.

При нормално, мирно дишење, за остварување на актот издишување не е потребна речиси никаква мускулна активност од следниве причини :

  • Во тек на инспираторниот акт ребрата и другите анатомски структури што влегуваат во состав на торокалните ѕидови се дигнати горе.
  • Совладан е еластичниот отпор на ребрените р`скавици
  • Отпор на абдобиналниот ѕид и внатрешните абдобинални органи.

По завршување на актот на инспирација, инспираторните мускули се олабавуваат и се враќаат во положба во која се наоѓале пред да започне актот на вдишување. Поради тоа, ребрата се спуштаат, дијафрагмата се подига, а волуменот на градниот кош се намалува. Ова намалување на волуменот на градниот кош врши притисок врз белите дробови, тие се стегаат, од нив се истиснува воздухот, а со тоа практично се остварува актот на издишување или експирација. Овие Овие промени во фаза на издишување укажуваат, дека оваа фаза има пасивен карактер. Сепак докажано е дека, на оваа фаза се наоѓаат во состојба на постојана тоничка контракција. При форсирана експирација, покрај дејствувањето на сите наброени фактори, земаат учество и[помошните експираторни мускули. Тоа се абдоминалните мускули, кои во својата контракција вршат притисок врз абдоминалните органи, а овие од своја страна, дејствуваат врз дијафрагмата ја подигаат нагоре со што се врши притисок врз белите дробови и истиснување на воздухот од нив. Доколку се регистрираат дишните движења со помош на пневмогравскиот метод се добива крива наречена пневмограм. На неа разликуваме една крива една нагорна крива линија која одговара на експирационата и една надолна која одговара на инспирационата фаза од респираторниот циклус. Експираторната фаза трае подолго. Односно меѓу инспирционата и експирационата фаза се однесува како : 1:1,3-1.5.